Рецензија: ДУТ, Aртан Груби известува за нападот врз колегата, познатиот аналитичар Имер Исмаили
Веста објавена на Алмакос преку претпоставки и непроверени факти до крај, претендира до читателот да пласира непотврдена информација дека нападот на студентите на ДУТ во Скопје, врз професорот и аналистот Имер Исмаили, е објавена од еден портал, чиј што сопственик е функционер на ДУИ, Артан Груби. Атрибуцијата на оваа вест на Артан Груби, особено начинот кој што е наведен во насловот, создава забуна околу неговата замешаност во вој настан, за мотиви кои што може само да се претпостават.
Линк до оригиналниот напис: ДУТ, Aртан Груби известува за нападот врз колегата, познатиот аналитичар Имер Исмаили
Датум и време на објавување: 05.06.2013 | 01:11:00
Датум на рецензирање: 06.06.2013
Рецензент: Бардил Заими
Вистинитост на факти: Веста се повикува на една информација објавена на порталот Аlbnews.mk, каде како основач стои името не функционерот на ДУИ, Артан Груби. Не може со точност да се утврди дали позади објавената информација стои Артан Груби. Не може да се утврди веродостојноста на информацијата, бидејќи веста само се пренесува и се прејудицира дека позади неа стои функционерот на ДУИ.
Извори на информации: Објавената вест на порталот Алмакос користи само еден извор. Недостасуваат изјавите на актерите кои што ја сочинуваат веста.
Пристрасност: Веста не е сеопфатна и не е балансирана, бидејќи реално требаше да ги содржи и изјавите на Артан Груби и Имер Исмаили. Затоа веста може да се смета за политички ориентирана.
Коментирање: Во веста се прејудицира без да се обезбедат факти дека овој портал објавува одбрани вести кои што се користат за напад над одредени лица. Истотака, се коментира дека веста е напишана од професори по новинарство.
Оригиналност/Плагијат: Веста е воглавно иста, но кај Алмакос се фокусира на претензијата дека ова вест на порталот Albnews.mk е објавена со цел да се дискредитира аналистот Имер Исмаили против кого реагирале студентите.
Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и прејудицирачки, бидејќи не се фокусира на проблематиката што ја обработува, туку ја изместува на ирелевантни работи.
Говор на омраза: Ова вест не е избалансирана и има многу простор за да се смета дека е насочена против одредено лице.
Заклучок: Веста е речиси целосно истата непотполна информација која е објавена на порталот Albnews.mk, а со мали интервенции и претпоставки непроверени до крај, се насочува како спин на функционерот на ДУИ против аналистот Имер Исмаили. Веста не ја проверува веродостојноста на објавената информација на порталот Albnews.mk, туку ја смета за вистинита и ја надоврзува со претпоставки, што води кон погрешно толкување дека нападот на аналистот Имер Исмаили е мотивиран од Артан Груби.
Реално, првично преку други извори требаше со факти да се утврди веродостојноста на нападот врз аналистот Имер Исмаили, а потоа требаше да има и изјава од Артан Груби, како втора страна во вест објавена на Алмакос. Самиот наслов на веста особено епитетитот „познатиот аналитичар Имер Исмаили„ создава спротиставување што може да се смета за спин. Веста не е сеопфатна, не е избалансирана и има претпоставки кои што не можат да се потврдат. Ова вест може да се смета и за спин против спинот на веста објавена на порталот Albnews.mk.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар