Рецензија: Едмонд Адеми повикува на насилство помеѓу Македонците

FireShot-Screen-Capture-073-Едмонд-Адеми-повикува-на-насилство-помеѓу-Македонците-crop-resize

 

Текстот прави „анализа“ на една општо прифатена дефиниција, историски потврдена многупати, за тоа како паѓале режимите низ историјата и како секој народ ја стекнувал слободата, објавена на „Фејсбук“ и, за разлика од авторот на „новинарската творба“, потпишана.

Од тоа се прави конструкција, при што заради фејсбук-статус уште во насловот се изнесуваат обвинувања за повик на насилство. Притоа, насловот е „филуван“ и со етничка компонента за на сопственикот на „инкриминираниот“ фејсбук-статус, Едмонд Адеми, да му се припише нешто што воопшто не го напишал – повик на насилство помеѓу Македонците. Многу опасна и загрижувачка конструкција со која се сака да се каже дека Адеми „прижелкува да види крв само на Македонците“.

„Инквизицијата“, меѓутоа, не се задоволува само со повик за отстрел на Едмонд Адеми, на чија биографија веднаш се удира и печат на политичка припадност, туку списокот се шири и на новинари и оние кои го прочитале неговиот статус и го „лајкнале“, што е нивна приватна работа кој статус им се допаѓа или не им се допаѓа.

„Адеми кој долги години беше член на ЦО на СДСМ со својот статус во кој повикува на насилство предизвика позитивни реакции кај дел од опозициските новинари. Очигледно и Мери Јордановска се согласува и го поддржува насилството за кое пишува Адеми бидејќи неговиот статус и се допаѓа.“

FireShot Screen Capture #073 - 'Едмонд Адеми повикува на насилство помеѓу Македонците'Линк до оригиналниот напис: Едмонд Адеми повикува на насилство помеѓу Македонците

Датум и време на објавување: 17.01.2015, 10:56

Датум на рецензирање: 18.01.2015

Рецензент: Александар Писарев

Ваквите конструкции се трансформираат во „новинарски производ“ за „граѓанството да се предупреди“ кој работи „против интересите и просперитетот на земјата“. Скандалозно. Кој му дал право на текстот врз основа на статусот во кој Адеми напишал дека на Македонија треба да ѝ се одземе кандидатски статус, да донесува суд дека тој со своите ставови, „работи против интересите и просперитетот на земјата“. Еклатантен пример на вазалско новинарство. Наместо да се залага за со Устав загарантираното право на слобода на мислење и слобода на говорот, тоа се ускратува, се стигматизира и се дисквалификува политички аналитичар и член на опозициската партија.

 

САТАНИЗАЦИЈА НА ЦЕЛА ОПОЗИЦИЈА

Целата опозиција и нејзините први луѓе се сатанизираат и се генерализираат како насилници, а „повикот на насилство“ му се припишува на СДСМ, при што се извадени од контекст старите изјави на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и на поранешниот кандидат за градоначелник на Штип, Здравко Коцев, за да се прикажат како идеолози на политиката на насилството.

„Јавноста неколку пати досега беше сведок на скандалозни изјави и повици за насилство од страна на членови на опозициската СДСМ, кои најверојатно го следат примерот на лидерот на опозициската партија Зоран Заев. Токму Заев говореше дека „ќе има пукање“, а пак поранешниот кандидат за градоначалник на Штип Здравко Коцев се закануваше дека ќе има „ заб за заб, крв за крв“.“

 

ВО УЛОГА НА СУДИЈА

Целиот текст е проблематичен и спротивен на начелата на Кодексот на новинарите на Македонија. Тој се става во улога на судија да одредува кој работи против интересите и просперитетот на државата, се пресметува со колегите и им диктира какво мислење треба да имаат за одредени теми кои се појавуваат на социјалните мрежи. Ја стигматизира целата опозиција како насилничка. Своја оправданост овој производ може да ја најде само во пресметка со неистомисленици и со јасна политичка заднина. Како новинарски производ, има низок кредибилитет и оскудна содржина. Повеќе личи на пребројување партиски противници и на листа за отстрел, отколку на информација од јавен интерес.

Директно се повредени основните принципи на Кодесот на новинарите на Македонија каде се вели дека:

Новинариоте ќе го почитуваат плурализмот на идеи и ставовите.

Повредени се член 14 и член 16 од Кодексот.

Член 14. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

Член 16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција