Рецензија: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи
Станува збор за вообичаена информација за екстрадиција на осудено лице, но невнимателно се открива целосното име и презиме на осудениот, кој, во исто време, е и осомничен. Авторот се двоумел дали да го пренесе идентитетот на осудениот или, пак, да го сочува. Имено, на почетокот на веста, се известува дека е екстрадиран Војислав Б., кој во вториот параграф е откриен со целосното име и презиме, Војислав Будисављевиќ.
Линк до оригиналниот напис: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи
Датум и време на објавување: 02.10.2014 11:06
Датум на рецензирање: 18.10.2014
Рецензент: Мирослава Бурнс
Како што е наведено во текстот што го рецензираме, лицето во моментот е осомничено за шверц на кокаин, а во првиот пасус се наведува дека „Мадам Пепи и нејзиниот партнер кој беше во бегство беа познати по шверц на брендирана гардероба и кокаин“. Според информациите во текстот, лицето во моментот е само осудено за фалсификување на личен документ и со потерница се барало за да одржи затворска казна од три и пол години за тоа дело. Изворот на информацијата не е наведен, но, најверојатно, се работи за билтенот на МВР.
Министерството за внатрешни работи во информацијата за екстрадицијата што ја објави на својата веб-страница, никаде не го наведува презимето на лицето за кое известува медиумот, а во неговиот видеоматеријал, го замаглува лицето на осудениот. Оттука, во медиумскиот производ, од нејасни причини, се применува системот „информирање чекор по чекор“. Ова не е прекршок, меѓутоа отсликува невнимателност и се поставува прашањето дали се прекршува пресумпцијата на невиност за делото за кое уште не е осудено лицето?
Медиумот, во согласност со новинарските стандарди, одлучува како ќе ги презентира информациите за лица кои се осудени и екстрадирани. Малата невнимателност околу штитењето, па откривањето на идентитетот на оној за кој се пишува, го привлекува вниманието од аспект на држење конзистентен приод при информирањето и при атрибуирањето.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар