Рецензија: Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот
Не се знае што е идејата на овој текст. Дали да ѝ се честита на Елена Ристеска или да се објави нешто ексклузивно? Патем, не се знае на која Елена Ристеска се однесува. Дали на пејачката или на некоја друга жена. Никаде во написот не е спомнато дали е пејачка, или оваа личност, која е главна вест, работи нешто друго. Башка што имињата во текстот се наведени без презиме, како да мора сите да ги знаат. Вака текстот изгледа како честитка за домашна употреба, за навистина вест која е радосна – раѓањето на нечија внука. Но, зошто тоа би било вест? Единствената олеснителна околност за текстот е тоа што е објавен во рубриката „Мегафон“, што најверојатно значи нешто чуено-недочуено или, пак, неофицијално. Сепак, тоа не го амнестира од сите други непрофесионалности што ги има внатре.
Линк до оригиналниот напис: Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот
Датум и време на објавување: 01.09.2014, 08:10
Датум на рецензирање: 09.12.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
НЕМА ИЗВОР
Ова вест е објавена пред два месеци. Вторпат стана актуелна откако повторно се појави низ социјалните мрежи, а читателите почнаа да ѝ честитаат на пејачката Елена Ристеска. Без разлика кога била објавена оваа вест, таа е направена крајно непрофесионално. Во неа ги нема основните новинарски стандарди. Нема ниту кога, каде… Нема ниту извор, а веста не е ни содржајна.
Веста е направена за да биде сензационална. Не се повикува на ниту еден официјален ниту неофицијален извор, се известува за раѓањето на внука, а сензационализмот се потврдува и со изборот на фотографијата. Таа не е потпишана, па постои голема можност да е преземена од странски медиуим, со што повторно се манипулира со читателот, пласирајќи ја како автентична.
Насловот, исто така, манипулира со читетлите. Имено, во него се тврди дека Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот. Зошто оваа случка да е нејзина најубава улога во животот? Станала тетка како и многу жени секојдневно. Сепак, би сакале да прашаме каков ќе биде насловот кога посочената Елена ќе стане мајка? И тогаш би било нешто од типот: Елена ја доби најубавата улога во животот. Башка што најверојатно колку што луѓе постојат на планетава Земја, толку и желби за најубава улога има. Секој човек има различни сфаќања за тоа што е најубава негова улога, па затоа и овој наслов, кој сака да наведе повеќе кликнувања, е непрофесионален пример за тоа како треба да изгледа еден наслов. А, што би му фалело на насловот: „Елена Ростеска доби внука“, веќе кога „морало“ да се објави ваква вест. Зошто новинарството, пред сè, мора да е точно, објективно и вистинито.
И на крај, да заклучиме дека ова е непрофесионална и сензационалистичка вест која и не мора да се најде во медиум. Ако оваа вест не се појавеше, никој немаше да изгуби. Честитките ќе стигнеа на поинаков начин, а не преку медиум, затоа што порталите не се огласна табла. Можеби и само ќе се добиеше. Секако, во професионалноста.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар