Рецензија: Ермира мехмети се разведува?!

Ермира-Мехмети-се-разведува_-I-Република-Online-republika_mk__p182232-crop-resize

Во недостиг на сериозни теми и безидејност, новинарите и медиумите се таблоидизираат и сензациите ги бараат во приватниот и личен живот на јавните и други личности. Рецензираме еден таков текст кој се занимава со личниот живот на пратеничката Ермира Мехмети и нејзиниот сопруг, дипломатот Шеној Деваја. Притоа, весникот изнесува полувистини и невистини. Прави сезнација, а читателите ги остава во дилема што, всушност, се случило – дали Ермира се разведува или е во фаза на развод. Дали нејзиниот сопруг Деваја е повелечен од дипломатска функција поради последиците кои разводот ги носи и можат ли и требат ли тие да влијаат на неговата дипломатска кариера.

FireShot Screen Capture #086 - 'Ермира Мехмети се разведува_! I Република Online' - republika_mk__p=182232Линк до оригиналниот напис: Ермира Мехмети се разведува?! 

Датум и време на објавување: 05.2014,  20:04

Датум на рецензирање: 09.01.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Текстот се базира на претпоставки и интриги. Во насловот поставува прашање: „Ермира Мехмети се разведува ?!“  Тоа може да се протолкува дека е во фаза на развод или дека има немера да се разведе, а можеби е и шпекулација и нтрига, што не значи дека бракот ќе резултуира со развод. Веќе во следната реченица има констатација: „Пратеничката од ДУИ Ермира мехмети Деваја се развела од својот сопруг“… Ова е констатција. Но, што е вистината – се разведува или се развела?

Извори на информации: Нема релевантен извор на и нформација. Се повикува на „улица“: „Нема потврда но поради ова се подготвувала и смена на дипломатот и неговото враќање назад“… се повикува на пишувањето на албански медиуми, но не е наведено кој медиум кога и што точно објавил.

Содржајност: Целата содржина е ѕиркање во личниот живот на пратеничката Ермира Мехмети и нејзиното поблиско и подалечно семејство, при што се оперира со интриги и рекла-казала. Тука не може да стане збор за некаква содржина.

Коментирање: Медиумот коментира дека поради оваа случка се подготвува смена на дипломатот. „Нема потврда но поради ова се подготвувала и смена на дипломатот и неговото враќање назад“…

Оригиналност/Плагијат: Во делови на текстот се повикува на други медиуми, но има и сопствени заклучоци и бекграунд. Не може да се одреди дали е плагијат или оригинално дело. Текстот не е потпишан.

Квалитет на насловот: Насловот е таблоиден и сензационалистички.

Фотографија: Фотографијата поврзана со насловот директно навлегува во личниот живот на пратеничката Мехмети.

Заклучок: Текстот спаѓа во оние новопојавени, потполно несоодветни новинарски жанрови кои длабоко навлегуваат во приватноста на граѓаните, поготово кога се во прашање јавните личности. Иако станува збор за наводно сериозен политички магазин, тој со овој текст се таблоидизира. На граѓаните им „ѕирка во спалната соба, во кујната, во чинијата за време на ручек“. Го поврзува нивниот приватен живот со професијата, оценува дали нивниот успешен или неуспешен брак ќе значи и успех или неуспех во професијата.

Ермира Мехмети со ништо не предизвикала внимание  во јавноста за да треба да се навлегува во нејзиниот личен живот. Повредена е нејзината приватност.

Во овој случај, разводот, ако воопшто постои, не треба да се поврзува со политичка кариера, ниту на Ермира, ниту на нејзиниот сопруг Шеној Деваја. Разводот не е неморален чин. Има многу случаи во кои политичарите кои имале неуспешен брак, ја продолжиле успешно политичката кариера. Можеби баш успехот во политиката и преголемиот политички ангажман на Ермира или Шеној резултирале со неуспех во бракот. Тоа се лични прашања. Еден дел од текстот го дискредитира Деваја: „Нема потврда но поради ова  се подготвува смена на дипломатот“. Ваква констатција со ништо не е поткрепена, а може да му нанесе штета на Деваја во дипломатската кариера.

Во текстот има и елементи на родово омаловажување. Во центарот на внимание е поставена Ермира Мехмети, објавена е нејзината фотографија, се зборува за нејзиниот развод со што таа се омаловажува и ѝ се нанесува моралната штета, додека Шенол практично не се ни спомнува.

Медиумот прави родова диференцијација и ја претставува жената како недоволно силна да биде и успешен политичар и успешен сопружник. Апсолутно не постои никаква причина за навлегување во нејзиниот личен живот и од тоа да се прави медиумски производ. Бидејки, да повториме, разводот не е никаков неморален чин поради кој некој треба да се „етикетира“.

Повреден е член 1. и член 7. на Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за шпекулација тоа треба да се каже и да се објави“.

Член 7.

„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста“…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција