Рецензија: Еве каде и како се прават пасошите во МВР

Еве-каде-и-како-се-прават-пасошите-во-М_-http___sitel.com_.mk_eve-kade-i-kako-crop-resize

 

Материјалот насловен: „Еве каде и како се прават пасошите во МВР“, само навидум информира, а фактички е целосно ставен  во функција на одбрана на Министерството за внатрешни работи, откако беа објавени фотографии и видеоматеријали за наводна фабрика за фалсификување пасоши „кои можат да бидат употребени во изборни цели“.

Прилогот е правен во Центарот  за персонализација на пасоши во МВР и нагласено се труди да ги убеди гледачите дека македоскиот пасош се изработува и се издава во строга процедура и е невозможно да се фалсификува.

Еве каде и како се прават пасошите во М_ - http___sitel.com.mk_eve-kade-i-kako-Линк до оригиналниот напис: Еве каде и како се прават пасошите во МВР

Датум и време на објавување: 01.12.2014, 17:13

Датум на рецензирање: 02.12.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

НА „БРАНИКОТ НА МВР“

Во „репортажата“ што им се сервира на гледачите, вушност, се „преџвакани“ соопштението  од МВР (од истиот ден), интревјуто на министерката за внатрешни работи, изјавите кои ги даваа со помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, како и реакцијата од МВР веднаш по обелоденувањето на случајот. Инсертите од Центарот треба да го засилат впечатокот дека  е исклучена и минимална можност да се „штанцаат“ македонски пасоши по пат на „рачна изработка“!

Па, така, преку прилогот јавноста се запознава со тоа како изгледа Центарот за персонализација на пасоши во МВР и веднаш ѝ се соопштува дека:

„Патот на секој пасош започнува во Германија. Гермаската компанија Гисаќе ги изработува бланко образците кои потоа, во строга процедура се транспортираат во Македонија…“

Но, ова веќе го кажа министерката за внатрешни работи во интервјуто од  28 ноември 2014 година за истата телевизија  и во изјавата дадена наредниот ден (29 ноември 2014), на почетокот на манифестацијата Авто-рели во скопска Автокоманда.

„Република Македонија оригиналните обрасци ги набавува од производителот од Германија, кој впрочем е и истиот производител кој ја произведува банкнотата на еврото, а потоа ваквите оригинални обрасци се персонализираат, така што доколку некој и се обидел да изработи исправа која наликува на македонскиот патен документ, тоа би било прилично лесно воочливо и прилично видливо“

Констатацијата на новинарот (кој се става на „браникот на МВР“) дека:

„Готовиот македонски пасош е еден од најбезбедните документи во светот“,

а која во прилогот е дадена како своевидно зајакнување на тонското парче од изјавата на помошник-министерот за односи со јавноста  во МВР :

„Досега во МВР немало никаков проблем, односно ниту некогаш или пак во моментов недостасуваат оригинални обрасци“,

публиката, исто така, веќе ја слушна од министерката, а за тоа беше информирана и преку соопштението на МВР од 28 ноември 2014 година:

„Македонските патни исправи од втората генерација, се меѓу водечките во Европа во однос на заштитните елементи кои ги поседуваат за надминување на ризиците од потенцијална злоупотреба и фалсификат… Дополнително, македонската патна исправа може да ја активира само нејзиниот сопственик со што таа се вбројува меѓу најбезбедните во моментов…“

И заклучокот на авторот на прилогот, кој е протнат како мислење на виртуелни експерти:

„…експертите велат дека сите кои барем малку се разбираат во криминалистиката треба да знаат дека АФИС системот вооптшто не се користи во процесот на персонализација на пасошите, туку тоа е машина која компарира отпечатоци и ги споредува со базата на полицијата“.

всушност го кажа министерката  во интервјуто (28 ноември 2014)) и во  изјавата (29 ноември 2014) година.

„Го спомнуваат АФИС системот, но тој воопшто не служи за изработка на документи. Зборот АФИС е кратенка од автоматски систем за проверка на отисоци од прсти и тоа значи дека таквите системи ги користат институциите и органите надлежни за спроведување на законот за компарирање на отпечатоци од прсти или пластично кажано доколку при истрага на лице место каде што е сторено кривично дело се подигнат отисоци, тие треба да се компарираат со некоја база за да се утврди идентитетот на лицето од кое потекнуваат отисоците од прсти“

Сепак, во некои медиуми беа објавени и мислења на експерти кои сметаат дека со современата опрема за детектирање може лесно да утврди дали биометриски документи се фалсификувани или не, но со голо око е тешко да се процени за каков документ станува збор. Односно, добар фалсификат не може да биде откриен од лица во избирачки одбори кои се фокусирани само на тоа дали податоците од пасошот се совпаѓат со податоците за лицето запишано во избирачкиот список. Според овие мислења, за да се отстранат сомнежите во јавноста треба да се спроведе професионална истрага за случајот, дотолку повеќе што минатата година МВР соопшти дека во координираната акција  („Орион“) на македонското и на германското МВР, е уапсена организирана криминална група која се занимавала со фалсификување лични документи.

Но, наспроти ваквите видувања, овој исклучително пристрасен прилог, во кој затаиле принципите на етички исправното новинарство, со невидена леснотија го минимизира случајот и го припишува како измислица на „медиумите на СОРОС“, што стана воообичаена практика за етикетирање на личностите чии ставови не се на линија со политиката на актуелната власт.

Инаку, истиот ден, вакви репортажи можеа да се видат во повеќе медиуми, што дополнително говори за мотивите за нивно објавување, кои оставаат простор за сомнеж дека не се новинарски.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција