Рецензија: „Евтино, само оваа среда, најдобрите масерки“: еротската масажа на Фејсбук и скапите телефонски тарифи

Евтино  само оваа среда  најдобрите масерки-crop-resize

„Најмуваш неколку студентки, им даваш скапи телефони со скапи тарифи, правиш фејсбук-група со провокативни секси-фотографии, нудиш еротска масажа, луѓе се јавуваат на скапа тарифа и ете ти лесна и брза заработувачка. Не се знае дали еротската масажа воопшто и се извршува. Еве го нашето искуство“.

Порталот извршил истражување за најновите „трендови“ во мамењето на граѓаните со помош на еротиката. Наодите се објавени во две продолженија, а тука е даден линкот до првиот текст. Може да се каже дека во истражувањето секако можело да се оди и понатаму (како и во секое, впрочем), но е доволно што се дава импулс на организираните форми за борба против ова зло, а кои се должни околу оваа појава да поведат истрага. Досега нема реакција, но редакцијата секако треба да инсистира на тоа, доколку смета да се „пресметува“ со ова општествено зло.

Евтино  само оваа среда  најдобрите масеркиЛинк до оригиналниот напис: Евтино, само оваа среда, најдобрите масерки“: еротската масажа на Фејсбук и скапите телефонски тарифи

Датум и време на објавување: 20.11.2013 20:25

Датум на рецензирање: 24.11.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Медиумот почнал со сопствена потрага, доаѓајќи во контакт со една Фејсбук адреса каде вообичаено се канат пријатели и се создава „клуб на познаници“, кои, потоа, еден на друг препорачуваат еротска масажа, за која, ако дадат телефон (мобилен) ќе добијат повик, одвреме-навреме. „Компанијата“ работи и со свои броеви од сите постојни оператори. Дел од изнесеното, или поголем дел е прашање на доверба на читателот кон истражувачот, иако методот на кој се извлекуваат пари од „муштеријата“ е нов и тешко дека некој новинар би се сетил таков да измисли – треба да сте дел до бизнисот на измама за да тоа го изведувате

Извори на информации: Порталот дава некои докази од комуникацијата и визуелно, а таму се телефоните со кои се контактира со масерката која дава и екстра услуги. Дадени се доста скапите цени на телефонијата, која е, всушност, начинот на кој се извлекуваат парите. Има и две адреси (без преголемо прецизирање) каде треба да се вршат некои од овие услуги, што во извесна смисла треба да нѐ увери за упорноста на „кучето-трагач“ во медиумот.

Порталот се обратил и до операторите, а тие се ваделе на службена тајна за идентитетот на корисниците на броевите. Но, порталот прави и ново продолжение и открива нова линија на слична „проституција“ преку сајт, зад кого стои наводно компанија за софтверски програми. Ако ја освоите довербата (порталот успева во тоа), тогаш доаѓате до можноста од поконкретно користење на сајтот.

Евтино, само оваа среда, најдобрите масерки“: еротската масажа на Фејсбук и скапите телефонски тарифиСодржајност: Со оглед на тоа што материјата не дозволува преголем број на поединости, само упорноста на истражувачот (истражувачите) извлекува доволно „штоф“ за да се добие читливост, иако во второто продолжение, пак, како да недостасува „поглавје“, односно како да отсуствува кураж да се оди до крај. Или се добива впечаток дека не е притисната педалата за дополнителен гас од некоја причина.

Пристрасност: Не се чувствува пристрасност кон ниту еден од оние фактори кои можеле или биле дел од заштитните механизми на оваа професија (секс како ветување) – провајдери, полиција, обвинителство…

Оригиналност/Плагијат: Текстот е оригинален, потпишан со иницијали кои асоцираат и на самиот глодур на порталот. Внимателност?

Квалитет на насловот: Насловите се предолги и преописни (и во двете продолженија), ама во борбата за внимание, особено кај порталите, ваквиот пристап кон најавите на текстовите како да станува правило.

Фотографија: Илустрациите во двата текста се копии од огласите кои ги биле повод за истрагата. Тие се клучен доказ пласирањето на изнесените факти.

Заклучок : Кога би постоела понуда на истражувачки стории на медиумскиот пазар, на двата прилози би имало и што да им се замери. Ама во комплетна замреност на медиумскиот пазар од токму такви пристапи кон професијата, ова се чекори кои треба да се поздрават.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција