Рецензија: Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба

Faten kumanovcanec maxim

Оваа вест се обидува да ни соопшти дека некој 36 годишен  И.К. од Куманово заработил кривична пријава, бидејќи е фатен во риболов и кај него се пронајдени 7 килограми и 360 грама риба.

FireShot Screen Capture Фатен на дело - кумановчанец на диво ловел риба I Maxim'Линк до оригиналниот напис:  Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба

Датум и време на објавување: 26.09.2013-13:17

Датум на рецензирање: 27.09.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Не може да се утврди веродостојниост на наводите.

Извори на информации: Нема.

Содржајност: Веста нема содржина од која читателот би можел реално и потполно да биде информиран за настанот.

Пристрасност: Нема.

Коментирање: Нема никаков коментар

Оригиналност/Плагијат: Не може да се утврди, вест не е потпишана како авторска.

Квалитет на насловот: Некреативен и непотребно долг.

Фотографија: Несоодветна.

Говор на омраза: Нема.

Заклучок: Школски пример на лошо изработена вест.

Авторот не пристапил кон пишување на веста сериозно и не одговрил на неколку од основните прашања што треба да ги содржи една вест.

Немаме точна локација каде се случил настанот. Во веста пишува дека тоа е во атарот на село Коњух, нема локација каде е тоа село.

Бидејќи се работи за риболов, не знаме каде дотичниот фаќал риба, дали на река, на езеро, рибник, која е реката или езерото.

Не е објаснет случајот.

Не е објаснето како е вршен риболовот – дали со дозволени или недозволени средства, со мрежа, динамит, струја, бомба, со раце, дали бил на таа локација дозволен или забранет риболов, дали имал или немал дозвола за риболов.

Немаме информација кој го фатил и кој и каде поднел кривична пријава против него.

Ако риболовот бил недозволен дали му се одземени средствата со кои вршел криволов?

Нема извори на информации со што читателот се доведува во сомнение дали веста е точна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција