Рецензија: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм

dete-od-porno-09876-098-crop-resize

Ова е уште еден текст од категоријата „научна фантастика“. Притоа, нема ниту едно прашање од таканаречените новинарски. Ниту зошто, ниту како, кога… Вакви текстови, покрај тоа што се непримерни за објавување во медиум, ги понижуваат и читателите, ја навредуваат нивната интелигенција и ги омаловажуваат. Затоа и овој текст е денеска тука на рецензија.

dete od pornoЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм

Датум и време на објавување: 31.10.2014, 10:19

Датум на рецензирање: 14.11.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОВЕЌЕ ОД СМЕШНО

Овој текст е скаран со вистината. Ова што се тврди во него е крајно смешно. Не знам зошто текстот сè уште не може да поверува во научното сознание за тоа како се прават деца? Приказната дури е неуверлива и за помладите.

Овој дел пак:

„За иронијата да биде уште поголема, таа вели дека бебето личи на порно актерот, којшто е црнец.“,

е крајно небулозен, ако може нешто посебно да се извади како ексклузивна глупост. Инаку, целиот текст нема ниту извор, ниту, пак, е наведено од каде е жената. Стои само „една жена од САД“. За содржајност не може да стане ниту збор, нема извори, нема ништо. Гол текст кој најверојатно е преведен, но притоа нема критички осврт, туку како „здраво“ четиво се пласира во медиумот.

Фотографијата е, исто така, проблематична. Не е наведено од каде е, а на неа се гледа само една жена со своето дете.

Други податоци нема.

Вакви текстови навистина омаловажуваат. Тие се крајно неновинарски, односно антиновинарски текстови кои имаат само една можна цел: или да се стави што било колку да има, или, пак, се ставаат поради несовесното и непрофесионално работење. Трето нема.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција