Рецензија: ФОТО: Се шокирал кога му го донеле сендвичот – во него нашол…

noz-i-leb-09876-098-crop-resize

 

Ова е текст кој од сите аспекти на професионалното новинарство е непрофесионален. Текстот е ставен во рубрика „Свет“, која, по правило, е серозна во секој медиум. И, замислете, под овој текст одат вести за „Јужен тек“ за односите Русија – САД, за кризата во Украина, за ИСИС… Овој текст, пак, веќе кога е објавен, се очекува да се најде во некоја рубрика за забава или „верувајте ако сакате“, или нешто слично. Како и да е, текстот воопшто не е за објавување, па затоа и е денеска на рецензија.

noz i lebЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Се шокирал кога му го донеле сендвичот – во него нашол…

Датум и време на објавување: 02.12.2014, 14:54

Датум на рецензирање: 03.12.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СВЕТОТ ЗА „ЈУЖЕН ТЕК“, ТЕКСТОТ ЗА СЕНДВИЧ

На ден кога „тикерите“ на сите светски агенции „врескаа“ за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека се откажува од изградбата на „Јужен тек“, да се стави ваква вест во најмала рака е несериозно.

По сте точки од методологијата на „Сервис за проверка на факти во медиумите (СПФМ)“ овој напис има минуси. Почнувајќи од вистинитоста, продолжувајќи со тоа дали има извори, преку содржајноста, до актуелноста.

За град од 19 милиони жители, како што е Њујорк, овој текст користи еден маж, во една сендвичарница. И што да се каже на ова? Барем иницијалите од мажот да се навеле или барем квартот од Њујорк, каде што се случила приказната. Вака, како што е оставено, е целосно неверодостојно, а нема ниту една причина да му се верува.

Со оглед на тоа што овој напис е преведен од друг медиум, редно било да се линкува. Тоа, исто така, не е сторено што само го засилува сомнежот во вистинитоста.

Тоа дека се работи за италијански сендвич, исто не кажува ништо. Друга би била работата ако се навело дека се работи за некој италијански ресторан, кој, нели, има име и презиме, а, исто така, најверојатно има и локација некаде. Вака, да се верува на нешто како слушнато-недослушнато, плус за вест која воопшто не го менува животот, а нема никакви социо-општествени имликации, е непотребно.

 

НЕМА ИЗВОР, НИТУ СОДРЖИНА

Текстот е содржаен најверојатно колку што се имало место за нешто невистинито. Кога нема извори, нема ниту содржина.

Насловот е посебна приказна. Повторно со него се манипулираат читателите. Се дава впечаток дека можеби се случило некаде во Македонија, но кога ќе се отвори текстот, забележувате дека ништо нема од ексклузивноста. Новинарството има цел да информира и тоа да информира точно и прецизно. Тука тоа не е случај.

Фотографијата можеби и точно му прилега на текстот. Но, и за неа нема никаков извор, ниту други податоци, а не може да се забележи и да се потврди ни тоа дека ножот се наоѓал во сендвичот. Вака изгледа како ножот да е употребен за мачкање на лебот.

На ваков текст не му е место во медиум. Нема ништо што мора да има еден новинарски производ. Прво, ги нема одговорено занаетските прашања како што се каде, кој, зашто, кога и како. Зошто тогаш е ставен во медиум? Најверојатно поради повеќе кликови. Но, тоа не е новинарство, тоа е нешто друго и е поблиску можеби до бизнис или до маркетинг отколку до вистинско новинарство.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција