Рецензија: ФОТО+ВИДЕО: Полицијата професионална до крај – погледнете ги снимките од вчерашните протести за „Монструм“

Ова е текст со премногу навивачки елементи. Притоа, непознато е досега во новинарската практика да се фали токму полицијата, освен во некои далечни источни земји. Секако дека работата на полицијата е да биде подготвена за секакви случувања. Но, не е работа на новинарот тоа да го цени. Ниту, пак, може затоа што не е стручно лице. И веќе ако се пишувало ваков текст, барем да имало некоја изјава од некој експерт кој квалификувано би го толкувал однесувањето на полицијата.

PolicijaЛинк до оригиналниот напис: ФОТО+ВИДЕО: Полицијата професионална до крај – погледнете ги снимките од вчерашните протести за „Монструм“

Датум и време на објавување: 11.07.2014

Датум на рецензирање: 12:07.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОТРЕБЕН Е ЕКСПЕРТ

Ова е текст од настан на протести. Но, преовладуваат квалификации од типот:

Припадниците на полицијата останаа професионални и мирни дури и во моментите кога дел од толпата удри со камења по нив.

Дали некој е професионален или не секако дека ќе суди јавноста. Но, главниот збор кој значи факти и докази треба да го каже некој кој е компетентен за тоа. Притоа, текстот е пишуван непосредно по завршувањето на протестите кога сѐ уште немаше официјални информации, па затоа и не може да се даде оценка каква била полицијата.

Како извори на информација се фотографии и видео на текстот . И на нив се гледа дека полицијата си ја врши работата. И толку.

Вистина е дека немаше инциденти и немири како претходниот пат. Но, исто така е вистина и дека протестантите беа поорганизирани од минатиот пат. Затоа, не може да се направи паралела како во текстот дека поради професионалноста на полицијата протестите поминале во ред. Вистина е дека во еден, можеби и поголем дел е така, но сепак приказната има повеќе страни.

 

НАВИВАЧКИ ЕЛЕМЕНТИ

Текстот има навивачки елементи, а тоа се провејува уште од почетокот.

Има два пасуса со директни коментари, а исто така и заклучокот е коментар:

Вчерашната слика од теренот е доказ дека доколку протестот се одвива мирно нема да има никаков проблем со полицијата која знае професионално да се однесува, но ако истиот е радикален и екстермен тогаш МВР како и секаде во светот ќе реагира и ќе ги преземе соосветните мерки за да ги обезбеди граѓаните и институциите.

Текстот најверојатно е оргинален, иако слични написи се појавија и во други медиуми.

Насловот е апла навивачки. Тоа згора на се е збогатено и со „професионално до крај“. Притоа не може да се извлече заклучок каде е почетокот.

Има фотографии од протестот исто така и видео на кои се гледа како се одвивале протестите.

Ова е текст со навивачки елемтни. Тој е пристрасен во голема мера. Не велиме дека полцијата не си ја завршила работата професионално. Но, сепак, мислам дека треба да ја пофали некој друг. На пример политичките чинители. Новинарите би требало да застанат до делот дека поилицијата беше на висината на задачата и толку.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција