Рецензија: Грк ја оштетил рампата на македонска царина

Грк ја оштетил рампата на македонска царина Република Online-crop-resize-final

 

Вест е најкратка новинарска форма која треба брзо, кратко и јасно да је пренесе на читателот содржина на настанот.
Под тоа „брзо, кратко и јасно“ не се подразбира буквално да се пренесе содржаната од полицискиот билтен и да се препишат кратенките од полицискиот извештај, па никому, освен на полицискиот службеник што ја составил службената белешка, да не му биде јасно што и каде, всушност, се случило.

Или, како што е регулирано и со членот 15 од Кодексот на новинарите на Македонија: „Неспојливо со новинарската професија е непримерна комуникација со јавноста“. А баш тоа го имаме во оваа вест

Грк ја оштетил рампата на македонска царина Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Грк ја оштетил рампата на македонска царина

Датум и време на објавување: 17.12.2014 12:28

Датум на рецензирање: 19.12.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

КАДЕ СЕ СЛУЧИЛ НАСТАНОТ

Типичен пример на трансмисија на полициски билтен, без обид новинарот да се стави во улога на читателот и да види дали тоа што го напишал е јасно и дали содржајно го објаснува настанот.
Едно од петте прашања на кои треба да одговори весста е „каде ?“, каде нешто се случило. Полицијата има своја епиграфика и кратенки кои таа може да ги разбере, но како обичен граѓанин, кој во веста гледа некаков интересен настан, да разбере што тоа и каде се случило.

„Вчера во 10,20 часот на ПС за ГП и ГН-Меџитлија на излез од Р.Македонија.“

Нешто се случувало околу Меџитлија, но Меџитлија е и граничен премин кон Република Грција, Меџитлија е и село, и познат археолошко локалитет од бронзено време, единствено податокот дека ја скршил излезната рампа на царина упатува дека нешто се случило околу или на царина, но тоа не е прецизно објаснето и не морало да биде така.

„…грчкиот државјанин З.Г.(51) извршил оштетување на излезната рампа која е поставена пред царината.“

Царина постои и во градот Битола, како и на железничката станица во овој град. Каде ја скршил рампата, на која царина? Во вистината на настанот не треба да се сомневаме бидејќи изворот на кој се повикува веста е референтен.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција