Рецензија: HAARP системот во Србија причина за сите поплави на Балканот | Видео

HAARP-0987-09-crop-resize

Вакви текстови посебно за време на некои несреќи се редовни во медиумите. Зошто? Затоа што стравот тогаш е најголем и луѓето веруваат во се и сешто. Овој текст е објавен точно за време на најголемата криза во Србија и Босна, која со огромен интерес се следеше и кај нас. Поради зголемениот адреналин овој напис предизвика само поголема загриженост кај граѓаните. А, причините се повеќекратни, но најмногу што е недоречен и е земена само една страна за анализа.

HAARPЛинк до оригиналниот напис:  ХААРП виновен за времето и за лошото расположение во Македонија 

Датум и време на објавување: 19.05.2014, 22:39

Датум на рецензирање: 20.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

РАБОТА НА ФИЗИЧАРИ

Дека постои некој систем наречен ХААРП е вистина. Тој би требало, барем од тоа што може да се прочита, да ги следи јонизирачките движења во атмосферата. Но, понатаму тешко дека човек (се разбира кој не е физичар) би можел да го разбере. Затоа и кога ќе се појават вакви текстови тие се многу читани поради максимата – од тоа што луѓето не го знаат од тоа и се плашат.

Има насоки за некои босански портали, но без линкови.

Текстот нуди само информации кои велат дека (со сигурност (?!) овој систем е виновен за поплавите во Србија и Босна. Се оди дури и натаму да се тврди дека ХААРП е виновен и за идните поплави кои наводно ќе го зафатат Балканот. Притоа, освен сеење страв нема ниту еден факт кој би одел во прилог на оваа теза. Нема дури ниту спротивставени мислења. Во светот секако дека има мислења на оваа тема, но текстот не ги обработува, туку се занимава со голо афирмирање на некои, според нив, факти.

 

БЕЗ ДОКАЗИ И МИСЛЕЊА

Нема пристрасност, текстот е земен и е актелен поради несреќата во соседството. Инаку во „мирнодопски“ услови ниту би бил интересен, ниту, пак, веројатно би се нашол во медиумите.

Нема коментирање, иако нема линк од оргиналот и не може со точност да се види дали е текстот само превод или има и нешто вметнато, а е од лична или коментирачка природа.

Не е оргинал, наведен е извор, но без линк, а поради тоа што порталите ги јадат своите вести, тешко е да се стигне до оргиналот.

Насловот е погоден за состојбата. Заплашува и тера на рамислување. Сепак, нема ниту прашалник за да се стави знак на можеби, туку насловот имплицира дека нешто сигурно е така.

Има фотографии и видеа, од нешто што треба да ни асоцира на приказната, но без доволно факти и докази. Тоа се некои системи и антени, ама не знаеме дали се од таканаречениот ХААРП или од некоја електрана на пример.

Овој текст не би требало да го има посебно во време на вакви катаклизмички случувања. Можеби, онака, во мирнодопски услови може човек да се информира и за нешто што се вика скриени тајни од секојдневието, но моментот не е погоден. Во овој момент најмногу што е потребно се смирувачки текстови и смирување на тензиите и немирите кај луѓето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција