Рецензија: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае

FireShot-Screen-Capture-028-brif-mk-p166100-crop-resize

Фоторепортерите секогаш се обидуваат да да „уловат“ моменти кои се визуелно привлечни за читателите. Рецензираме една таква фото вест, на чија фотографија се гледа вол во градска фонтана и тројца мажи како се обидуваат да го извлечат од водата. Навистина интересна фото-вест. Па, зошто тогаш ѝ даваме негативна рецензија.

FireShot Screen Capture #028 - 'ХИТ НА ФЕЈСБУК_ Новата фонтана во скопско Влае I Бриф' - brif_mk__p=166100Линк до оригиналниот напис: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае

Датум и време на објавување: 24.09.2014 15:41

Датум на рецензирање: 25.09.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ФОТОГРАФИЈА МОРА ДА БИДЕ ТОЧНА

Иасто како и секоја вест, или информација, и фотографијата или фотовеста мора да ја прикажува и долови вистината. Луѓето сакаат фотографии, ги паметат, тие им се разбирливи, тие се „една слика-илјада зборови“. Затоа, фотографијата мора да биде точна. Таа воедно претставува сведоштво и документ за настанот.

Дали тоа што го гледаме на сликата е вистина или во време на модерна компјутерска технологија и фотошоп може некој намерно сакал да го смести волот во фонтаната? Но, проблемот е во тоа што оваа фонтана не е во скопската населба Влае, како што е најавено во насловот „Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае“.

Тие што поминале по Булеварот Партизански одреди кон Ѓорче Петров или во обратна насока веднаш ќе забележат дека веста не е вистинита. Фонтаната не е во Влае. Дури ни амбиентот воопшто не е од Скопје.

 

ФОТОГРАФИЈАТА Е НЕОДВОИВ ДЕЛ НА НОВИНАРСТВОТО

Фотожурнализам, или фотографијата како вест или информација, се неодвоив дел на новинарството.
Фотографијата е поглед на одредена ситуација низ окото (објективот) на фоторепортерот. Но, за да биде до крај содржајна, таа мора да ги има елементите како и во било која вест. Фотографијата мора да има јасна легенда, која ќе биде содржајна, за читателот да го перцепира целиот настан.

И под услов да е фонтана во Влае, што не е, требало да се објасни како дошло до ова ситуација волот да се најде среде фонтана.

Ваков каков што е, овој производ не заслужува дополнителен коментар.

IMG-2050-09876-098
Еве како, всушност, изгледа новата фонтана во скопско Влае. Фото: СПФМ, 2014.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција