Рецензија: ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ)
Ова не може и не треба да помине. Агенцијата што себе си се смета за државна новинска агенција, не смее да си дозволи вакво нешто – да го погреши името на организацијата чиј документ им послужил за вест.
Тоа е само една, но тешка материјална грешка.
Линк до оригиналниот напис: ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ)
Датум и време на објавување: 18.08.2014, 13.44
Датум на рецензирање: 05.09.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Државната новинска агенција напишала вест, а потоа десетина медиуми ја пренесоа, а со тоа и материјалната грешка дека извештајот „Ние не сме нацисти, но… Подемот на партиите на омраза во Унгарија и Грција и зошто Америка треба да биде загрижена“ го направила организацијата Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch), а тој, вусшност е направен од друга слична организација, односно Хјуман Рајтс Фрст (Human Rights First)
Апсолутно е нејасно како е можна ваква грешка?!? Како прво, до извештајот се пристигнува преку веб-страницата на организацијата на која прво што ви паѓа в очи е името и логото на двете организации кои се сосема различни дизајнерски.
Дури и да го добиле ПДФ форматот од извештајот, електронски или во печатено издание, повторно „мава“ во очи логото и името на Хјуман Рајтс Фрст, па дури потоа сѐ друго?!?
Информацијата е еднаш објавена како куса вест на 18.08.2014 во 11:15, а потоа, два часа подоцна и како проширен, дополнет и надграден ивештај.
Значи, два пати е користен изворниот материјал и два пати е направена истата грешка која потоа се мултиплицираше, бидејќи се работи за aгeнциска вест која е очекувано да ја преземат повеќе други медиуми. Особено кога е негативна вест на нашиот јужен сосед.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар