Рецензија: Хрватска ја легализира марихуаната, Хрватите тргнуваат на туризам за Лазарат (видео)

Веста е основана врз едноставни коментари на веб страницата за размена на видео материјали, јутуб. Речиси сите информации кои се споменуваат како извори, не се ништо друго освен коментирања без кредибилност за да се основа една новинарска информација. Но, едно од главните прекршување во овај напис врз новинарските норми, се наоѓа токму на овој наслов, кој не само што ја дезориентира јавноста, но е и целосна фикција на авторот. Наводното тврдењето „Хрватска ја легализира марихуаната“, не само дека не може да се најде во текстот, но таква информација не е дадено во ниту еден од локалните и регионалните медиуми. Паѓа во вода остатокот на насловот, во која се наведува дека „Хрватите заминеле за Лазарат“. Ова, и покрај тенденцијата да се генерализира една изјава на еден анонимен корисник на социјалните мрежи, претставува клевета, со цел да се создаде сензационализам.

Gazeta LAJM   Kroacia legalizon marihuanën  kroatët nisen për turizëm në Lazarat  VIDEOЛинк до оригиналниот напис: Хрватска ја легализира марихуаната, Хрватите тргнуваат на туризам за Лазарат (видео)

Датум и време на објавување: 22.11.2013

Датум на рецензирање: 27.11.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост:  Повеќе од очигледно е дека веста има малку врска со вистината. Од почетниот, параграф се забележува дека Хрватска е подготвена да ја легализира марихуаната. Ова во ниеден случај не вистина, затоа што во хрватските медиуми кружеле вести само за декриминализација на наркотичното растение. Правната терминологија прави основна разлика меѓу овие две категории. Понатаму, како основа се зема документарниот филм кој е посветен на одгледување на марихуана во селото Лазарат во Албанија која се вели дека е извршена од страна на Дојче Веле, додека на линкот подолу се дава аматерска репортажа од двајца холандски туристи.

 Извори на информации: Изворите се ирелевантни за тврдење на таков калибар. Сите изјави кои се пренесуваат се коментари кои дури и не можат да се класифицираат како и анонимни извори. Голем број на коментари на социјалните мрежи не можат претставуваат вистински темелите на новинарските статии, а уште помалку кога се работи за контроверзни прашања.

 Содржајност: Содржината е некомплетна. Се гледа присуство на анонимни коментари од една страна, а другата страна нема изјава од официјалните органи. Ова во никој случај не придонесува за понатамошно истражување на ова прашање, што во практика мора да биде важен принцип на уривање на површинските и плитки набљудување. Во врска со забелешките кои беа емитувани како изјави во овој напис, се чини дека тие се пренесуваат правилно и без каква било интервенција во контекст.

 Пристрасност: Во еден дел од статијата, авторот коментира за практиката на етнички обвиненија Балкан. Тој ја генерализира состојбата со назначување дека дебатите на Балканот секогаш се користат за етничките обвиненија.  Понатаму се забележува присуството на српските коментатори во видео материјалот прикачен на YouTube. Се чини дека авторот добро ги наредил репликите на корисниците од различни националности, кои биле дел од контроверзните полемики. Сето ова, во јавноста создава етнички пристрасности.

 Оригиналност/Плагијат: Статијата нема елементи на плагијат. Тоа е оригинален придонес на авторот.

 Квалитет на насловот: Насловот на оваа статија е цел на повеќе сериозни забелешки во текот на оваа рецензија. Во насловот се ставени лажни информации во било кој дел од статијата не можат да бидат потврдени. Всушност, насловот е определен како провокативен, што создава неизбежен сензационализам.

 Фотографија: Фотографијата на некои жени кои се чини дека обработуваат наркотични растенија, која наликува на, Cannabis sativa, која се третира во текстот, не кореспондира со информациите. Во фотографијата се претставени некои жени, но нема знаци каде може да се докаже дека ова се случува во селото Лазарат во Албанија.

 Заклучок:  Контроверзните прашања поседуваат голем капацитет за да го освојат вниманието на јавноста. Затоа, вработените во медиумите треба да им пријдат на овие  прашања со посебно внимание. Таква практика не може да биде потврдена во рецензираниот текст, каде што постојано се забележувани елементи на непрофесионализам. Пред сè, овој напис е јасен обид да се добие читливост покрај сензационализмот.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција