Рецензија: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово

Сител-Телевизија-www_sitel_mk_mk_huligan-crop-resize

Новинарот може да одбере повеќе начини како да компонира вест, но таа во секој случај мора да ги содржи основните елементи на оваа новинарска форма. Тоа подразбира да одговори на оние пет фамозни прашања кои ги повторуваме во „секоја“ рецензија. Во овој случај рецензираме „нешто“ што би требало да се нарече вест, но е далеку од тоа.

FireShot Screen Capture #081 - 'Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово I Сител Телевизија' - www_sitel_mk_mk_huliganЛинк до оригиналниот напис: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово

Датум и време на објавување: 25.12.2013, 14:13

Датум на рецензирање: 28.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Не може да се докаже дали ова навистина се случило, бидејќи во веста  нема одговор на основното прашање: „кога“?.

Извори на информации: Се повикува на информација од полицијата дека :„двајца кумановци ќе одговараат кривично“. Не е доречено дали се однесува баш на тие двајца кумановци и баш за тоа дело. Реченицата не е поврзана во контекстот, па можеме да се сомневаме дали изворот се однесува на оваа вест.

Содржајност: Нема содржина од која читателот би можел да дознае што, кога и каде се случило во Куманово. Веста почнува со: „Делии и Гробари се степаа во Куманово…“.  Читателот може да помисли дека некакви делии се степале со работниците од погребното претпријатие, бидејќи во првата реченица не е појаснето дека се работи за навивачки групи. Каде се степале? На стадион ? Кога ? За време, или после натпреварот? Тоа се прашања на кои немаме одговор, па според тоа немаме ни содржина на вест.

Оригиналност/Плагијат: Не може да се утврди, нема потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Стереотипен и непривлечен за читателите.

Фотографија: Како илустрација „залепени“ симболи на навичките групи „Делии“ и „Гробари“.

Заклучок: Единствениот заклучок е авторот следниот пат, кога ќе одлучи да пишува вест, да се придржува до основната формула за овој новинарски произвиод, тоа е: да даде одговор на овие пет прашања: кој, што,  кога, каде, како?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција