Рецензија: Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје!

ispoved-na-edna-devojka-kako-stanav-skapa-prostitutka-vo-skopje-crop-resize

„Убава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-контакт во тоа друштво. Доколку сте многу убави пробајте да влезете во естрадата и ќе завршите во креветите на познатите и богати политичари и бизнисмени. Рецептот е прост.“

Ова е само воведот на написот со сензационален наслов „Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје!“, кој без да посочи ниту еден извор на читателите им подметнува „лична приказна и рецепт за ВИП дама“:

„Мојот влез во тие кругови беше едноставен. Пратеник од една помала партија, познат тип, барал секс со две. Моја другарка од Неготино побара помош од мене, бидејќи беше сама, а и имаше скромно искуство.

Содржината, стилот и начинот на кој е пласиран текстот ја откриваат примарната цел да шокира и да го привлече вниамнието на читателската публика. Независно што таквото „новинарство“ се коси со основните принципи и стандарди на пренесување информација.

FireShot Screen Capture #017 - 'Исповед на една девојка_ Како станав скапа проститутка во Скопје! I За Се' - zase_mk_ispoved-na-edna-devojka-kako-stanav-skapa-prostitutka-vo-skopjeЛинк до оригиналниот напис: Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје! 

Датум и време на објавување: 25.10.2013 – 13:14

Датум на рецензирање: 29.10.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Текстот е така срочен што сите наводи изнесени во него целосно висат. Па и покрај тоа што е „збогатен“ со низа детали и пикантерии не делува уверливо, туку оддалеку мириса на измислен. Потсетува на фрагменти од книгата „Крив правец“ или некое слично четиво.

Извори на информации: „Исповедта“  веќе подолго време се врти на социјалните мрежи, а објавена е најмалку уште и на два сајта во речиси иста форма.  Целиот материјал се потпира исклучиво на пренесеното „искуство на елитната дама за придружба, сопственик на неколку модни продавници во Скопје“, како што е наведно на еден од порталите, каде е објавена како писмо.

Содржајност:  Написот не се темели на извори, но затоа во описите се оди во подробности:

„Понудата беше, доколку сме две и убави ќе даде 100.000 денари за само една ноќ.“

За да биде прикаската полеплива за очи во неа се уфрла политичар, поранешен „пратеник од помала партија“. И се разбира намерно се користи таков широк опис кој ништо не открива. Потоа се оди со раскажување на прилично сочни моменти од „забавата“:

„Пратеникот беше луд, буквално луд. Од секс скоро ништо. Обожаваше да ги лиже прстите на нозете. Сексуално извртен, а со сексот – чиста импотенција.После 4 саати лижење и лигавење на прстите на ногата заработивме 100.000 денари. Ова го повторивме неколку пати до парламентарните избори кога тој не успеа да влезе во парламентот“.

Исти така, се нафрлаат податоци за „клиентелата“и хотелите:

„Билетот за високото друштво го имавме, ги запознавме сите главни фаци од телевизии со истото темпо, неколку пејачки и многу врски по хотелите, а посебно најскапите Холидеј ин и Александар Палас, потоа неколку бизнисмени блиски на телевизијата и маркетингот на една пивара“,

кои треба да го засилат впечатокот за елитното опкружување и „високата цена“ која ја постигнале девојките.

„Приказната со првата средба заврши со конто од 7000 евра само за мене и без сексуален контакт, но добро излижани ножни прсти. И најважно контактот со македонски пејач. Тој беше остварен на еден прием на Австралискиот амбасадор во хотелот Холидеј Ин.Станавме многу блиски, доволно да не бара да учествуваме на сите забави“

Пристрасност:  Криејќи се зад параванот дека ја информира – алармира јавноста за една чувствителна тема од социјална природа, свесно се објавува „исповед“ за да се зголеми читаноста и посетеноста на порталот.

Оригиналност/Плагијат: На сајтот посочен како извор нема опција за пребарување , па потребно е малку повеќе упорност и време за пребарување по интернет за да добие страницата со бараната информација. Овој портал, пак, се повикува на друг, од чија рубрика писма го презеле текстот.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и на прв поглед делува шокантно.

Фотографија: Написот е илустриран со две фотографии, на кои се прикажани разголени девојки. Тие се симнати од интернет и треба да ја заокружат манипулативната улога на „исповедот“.

Говор на омраза: Текстот е напишан  со приземен, недоличен говор кој ја поминува границата на добриот вкус. Изобилува со навредливи зборови и полови стереотипи од типот: „скапа риба “, „чускии“, „провинцијалки“, како и дискриминирачки елементи од социјална природа.  За одредена социјална категорија е употребен терминот „проститутки“, наместо веќе усвоениот покоректен израз „сексуални работнички“.

Заклучок: На читателите  им е понудена една крајно манипулативна информација, особено насловот. Текстот е несеопфатен, нема извори и направен е  без трошка професионалност . Наликува на своевиден новинарски полуфабрикат, кој на јавноста ѝ се сервира како медимуска приказна. Притоа се препознава тенденција преку еден измислен случај да се креира лошо мислење и да се етикетираат студентките од внатрешноста.Тоа во најмала рака, претставува манифестација на дрскост.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција