Рецензија: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

imigranti-srbinka-avtobus-crop-resize

 

Секој новинар мора да знае дека основна функција на новинарството е да информира, точно и прецизно. Овој текст покажува дека е пропуштена шанса читателите да бидат информирани точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно.

imigrantiЛинк до оригиналниот напис: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

Датум и време на објавување: 18.02.2015, 10:03

Датум на рецензирање: 20.02.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРОБЛЕМ СО ВИСТИНИТОСТА

Овој напис има проблеми и со вистинитоста затоа што се потпира на анонимен, неидентификуван извор.

Текстов или приказната во него е „наводна“, затоа што тешко може да се докаже дека е вистинита, притоа е проблематично и времето кога е објавена – додека македонската политичка сцена се тресе од прислушувани разговори. Исто така, не е направен обид за да се дојде до тоа што е вистина.

Во текстот има некакви факти, но и кога ќе се прочитаат внимателно, не може да се утврди дали се веродостојни или не. Поради тоа што нема извор, не може да стане збор за објективност, релевантност, актуелност, контекстуалност и за другите потребни моменти.

Наместо содржајност, пак, текстот има повеќе информации кои внесуваат конфузност.

Насловот е неуспешен обид за сензација и наместо да информира, пласира чиста дезинформација. Не може да се поверува дека некој би бил среќен што ќе ја напушти својата родна земја. Сеопфатноста на оваа информација е еден од нејзините сериозни недостатоци.

Текст во кој нема ниту каде се случил разговорот (во кој автобус, место на тргнување, крајна дестинација) ниту кога, ниту со кој, не може да биде релевантен. Вака имаме напис кој тешко може да ја докаже вистинитоста, не е содржаен и е тенденциозен. Притоа, нема бројки, на пример, колку луѓе се иселиле, каде одат, зошто и слични моменти што му се потребни на еден новинарски текст. Затоа ова не може да се нарече објективен професионален новинарски производ.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција