Рецензија: Избори 2004: Полнење кутии, заплашувања, ова за СДСМ беа фер избори

Полненје-кутии-заплашуванје-crop-resize

Со задоцнување од десет години, ставајќи се во позиција на владеjачката партија, написот ја обвинува опозцијата дека тогаш кога била на власт во 2004 година направила изборен фалсификат и ги прогласила изборите за фер и демокртаски. Сега кога: „според сите оценки на меѓународните фактори и набљудувачите на ОБСЕ имаше мирен изборен ден и ефективно спроведени избори без никави инциденти,… кога СДСМ губи резултатите не се признаваат“.

Крајно навивачка,  еднострана и амбивалентна анализа во која се заборавени серија лошо оценети избори во организација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во перидот од 2006 до 2014 година, како и фактот дека и тогашната опозиција, а сега владејачката партија, не ги призна резултатите на изборите во 2004 година со кои СДСМ победи и донесе одлука според која: „ВМРО да не го признава статусот Претседател на Република Македонија на лицето Бранко Црвенковски“. Ставот, кој ВМРО-ДПМНЕ го бранеше се до 2009 година, до изборот на Ѓорѓе Иванов за претседател на државата.

Полненје кутии заплашуванјеЛинк до оригиналниот напис: Избори 2004: Полнење кутии, заплашувања, ова за СДСМ беа фер избори

Датум и време на објавување: 14.05.2014, 12:57

Датум на рецензирање: 16.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВТОРА СТРАНА НА МЕДАЛОТ

Во изминатите 24 години почетната оценка за изборите стандардно започнува со: „Изборите воглавно беа организирани коректно“, а потоа продолжува со редење на недостатоци на изборнито процес.

За читателите кои се медиски писмени, манипулацијата во овој текст е провидна: „Македонија годинава според сите оценки на меѓународниот фактор и набљудувачката мисија на ОБСЕ имаше мирен изборен ден и ефективно спроведени избори беѕ инциденти“

Еве каде е манипулацијата. Вешто е сокриена втората страна на медалот. Искусниот германски дипломат Герт Аренс, кој ја предводеше набљудувачката мисија на ОБСЕ, изрече експлицитна формулација: изборите се спроведени  ефективно,тој никаде не спомна дека изборите биле слободни, фер и демократски. Дури, на новинарското прашање, дали може да се каже дека изборите биле слободни и фер појасни:

„терминот слободни избори ние не го употребивме, ако некој гласач трпи притисок да не гласа, или се плаши, тој не е слободен да гласа“… 

 

„имаше реални проблеми пред и по гласањето, немаше разграничување помеѓу државата и партијата на власт, медиумите ја  фаворизираа партијата на власт, бирачкиот список нее прочистен, имаше притисоци и заплашувања, механизмот за жалби беше вон функција “…

 

„ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ“

Текстот е очигледно срочен и дистрибуиран како партиско соопштение, бидејќи во истиот ден и со истиот наслов го објавија сите провладини медиуми и јавниот сервис, без да го наведат изворот и без потпис на авторот, а со единствената цел граѓаните, преку манипулација со оценките на меѓународниот фактор, да се убедат дека ове избори биле фер, демократски и дека поради тоа опозицијата треба да ги признае. За разлика од изборите пред десет години, кога ги организирала СДСМ имало: „Полнење кутии, заплашување, тензии, вишок на гласачи, инциденти на гласање за други лица“… ДИК делувала неконзистентно“…

Бидејќи е направен десетогодишен времеплов низ изборите не смеело да се заборават изборните циклуси во организација на владејачката партија. Во 2008 година се одржани предвремни парламентарни избори, 2009 година  претседателски и локални, 2011 година предвремени парламентарни и 2014 година предвремени парламентарни и редовни претседателски избори.

 

МИЖИ ТАТАРА

Мижи татара со граѓаните. Ако се сакало реално да се сумираат оценките на набљудувачки мисии за изборите, тогаш тие од 2006 година до денес би гласеле дека, всушност, од изборот на моменталниот премиер, изборното досие на земјата е проблематично и сите слабости на изборниот процес се повторуваат, па дури и се влошуваа на секое наредно гласање. Негативните оценки за секој изборен циклус одеа по нагорна линија вклучително по изборите 2008 година, кои беа обележани со серија на насилни иннциденти што кулминираа со еден смртен случај и многу повредени.

Овие факти не смееле да се скријат, како и серија на негативните оценки за сите следни избори. „Во 2009- се забележани заплашувања на гласачите во предизборниот период, долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија за темелна ревизија на избирачкиот список сѐ уште не се спроведени, вработените во  јавниот сектор се особено подложни на закани дека нивните работни места ќе бидат загрозени, дека граѓаните ќе ја изгубат пензијата или социјалната помош доколку не поддржат одредени партии“… Во 2011- оценката е дека се прекршени заложбите од Коппенхаген, вршени се притисоци  врз државните службеници за да ја поддржат владеачката партија, не се одделени партиските од ржавните активности… Во 2014 заплашувањето на гласачите продолжи во текот на  кампањата, а албанската патија во Владата продолжи да ги бојкотира  претседателските избори и изврши прекумерен притисок врз етничките албански гласачи… најголемиот дел од медиумите беа пристрасни во корист на владеачката партија“…

 

ОПАСНА ТЕНДЕНЦИЈА

Прилогот за кој не знаеме дали е новинарски производ или партиско соопштение се јавува отворено како застапник на конкретна политичка партија и нивните гледишта. Поттикнува стереотипи, поделби и нетолеранција, идеолошко партиско нетрпение со конструирање негативна рамка за опозицијата. Тоа е опасна тенденција која може да води во дезинтеграција на општеството. Не е испочитуван член 14 на Кодексот на новинарите на Македонија

Член 14

Известувањето од политичките процеси, посебно од исзборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјетки.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција