Рецензија: Извори од „Бихаќка“- Расколот и револтот поради листите за пратеници на СДСМ е во својот зенит

FireShot-Screen-Capture-128-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID74013_Uzc6YKJQxK1-crop-resize

Тешко е овој производ  да се дефинира како некаква новинарска форма. Авторот имал претензија да напише коментар. Коментарот по правило се пишува одкако нешто ќе се случи. Како што е познато, изборите уште не се случиле и не знаеме кој е победник, а кој губитник. Катастрофално и погубно за секој коментар е ако неговиот автор сака на читателот со сила да му нам етне триумф на едната страна над  другата, закана на едните против другите, потсмев на едните кон другите. Уште полошо е ако самиот автор демонстрира надменост во презентацијата на аргументите. А „аргументите“ потекнуваат од „велат извори во Бихаќка“, „високи партиски извори“, „извори во СДСМ“... секако, познати само на авторот .

FireShot Screen Capture #128 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=74013#_Uzc6YKJQxK1Линк до оригиналниот напис: Извори од „Бихаќка“- Расколот и револтот поради листите за пратеници на СДСМ е во својот зенит

Датум и време на објавување: 29.03.2014, 18:35

Датум на рецензирање: 30.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ЗАРОБЕНИОТ УМ

Во рецензијава ќе се осврнеме на редица манипулации со кои во текстот се прејудицираат резултатите од уште неодржани избори. На тој начин врз граѓаните се врши притисок и сугестија за кого треба да гласаат, односно, за кого не треба да гласаат, бидејќи е однапред познат како губитник.

Влада во сенка на СДСМ како обид за смирување на тензиите околу се поизвесниот двоен изборен пораз“, „најавиле повлекување со образложение дека не сакаат да бидат алиби за очекуваниот пораз на изборите“. Се работи за точно пресметана и нескриена манипулација, стратешки подготвена за граѓаните воопшто да не размислуваат со своја глава, бидејќи, еве, медиумот проанализирал и ги знае резултатите од изборите – СДСМ е тотален губитник. Со потсетување дека неговите кандидати за пратеници веќе еднаш изгубиле на локалните избори, „тие се веке еднаш казнети од граѓаните“, па авторот им сугерира на читателите, без многу размислување повторно да ги казнат и заклучува: „што очекуваат на парламентарните избори“…

Најбитната и можеби единствената цел во целата оваа стратегија на гласноговорниците на власта и на владеачката партија е да преку манипулациите во што поголема мера се ограничат граѓанските слободи, односно да им се оневозможи на граѓаните и да помислат да се спротивстават на владината политика и на она што власта го предлага. Тие треба беспоговорно да го дадат својот глас на владеачката партија. Страшно!

 

НАСИЛИЕ НАД ГРАЃАНИТЕ

Во демократските општества право и должност на граѓаните е да партиципираат во политиката, тоа е производ на граѓанската свест. Меѓутоа, граѓаните не смеат да бидат поданици и послушници на наметнатото мислење: „Пратеничките листи во СДСМ и натаму предизвикуваат немир и раскол во партијата“..., туку  слободни битија кои не се помируваат со фактот дека некој друг за нив одлучува и ги зема во своите раце нивната слобода, правото на изборот и судбината. Така се формираат граѓанскиот активизам, демократската  култура на поединецот, а преку него и на целото општество.

 

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОТИВНИК Е ШТЕТНИК

Целиот текст се обидува на граѓаните да им го наметне антагонизмот кон оние кои не се припадници на владеачката партија и кај нив да предизвика емоции на презир и омраза, желба без никакви ограничувања политичкиот противник да се истреби како штетник. (Бетијан Китев кој загуби на локалните избори во Кавадарци…, Хари Локвенец кој еднаш веќе беше убедливо поразен на локалните избори во Прилеп од Марјан Ристески…, Васко Ковачевски од Битола и Марјанчо Николов од Велес кои исто така имаат претрпено неколку порази…).

На крајот, авторот, потпишан со име и презиме, додава уште две реченици кои се сосема вон контекст, а треба пред граѓаните да ја покажат цврстината и монолитноста на ВМРО-ДПМНЕ (Заев се наоѓа во незавидна положба бидејќи Стево Пендаровски му забележал… тоа според Пендаровски демонстрирало неединство наспроти ВМРО-ДПМНЕ).

Генералната оцека би била дека не се прави разлика меѓу аргументирана критика со која се брани јавниот интерес и негативниот, напаѓачки приод со кој се демонизира противникот. Ако постоела дилема како да се направи прилогот, најдобар совет нуди материјалот со наслов „Механизми за медиумско известување при Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање“, каде во точка 4 насловена „Политичка пристрасност и демонизација на политички актери“ се вели:

Медиумите за време на изборната кампања треба да обезбедат отвореност кон различни политички мислења и гледишта, непристрасно известување за политичките партии и актери и воздржување од говор на омраза и дискириминација по која било основа, а посебно врз основа на политичка припадност. Не смеат да изразуваат гледишта за или против некоја политичка партија, ниту да се јавуваат како застапници на конкретни  политички гледишта во актуелна политичка дебата.

Ако ова било непознато, тогаш требало барем да се испочитува членот 14 на Кодексот на новинарите на Македонија:

Известување од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичкиот субјект.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција