Рецензиja: Ја критикува државата ама имотот не го одбива

denacionalizacija-09876-098-crop-resize

 

Дали враќањето на имотот преку денационализација е дел од процес што треба да се заслужи со нешто посебно или е тоа само надомест за нешто што е одземено многу порано, еден вид „порамнување на сметките“? Ова прашање се поставува откако ќе се прочита написот во весникот со карактеристичен наслов – „Ја критикува државата ама имотот не го одбива“. Повод е завршувањето на процесот на денационализација за имот на ИВЗ – вратени се дуќани и 20.000 квадратни метри градежно земјиште.

denacionalizacija-09876-098Линк до оригиналниот напис: Ја критикува државата ама имотот не го одбива

Датум и време на објавување: 25.11.2014

Датум на рецензирање: 02.12.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„На почетокот на годината Валентина Божиновска (директорка на Комисијата за односи со верските задници – н.з.) изјави дека до тогаш биле вратени 73 отсто од имотите што оваа верска заедница ги побарувала во процесите на денационализација. Истовремено МПЦ-ОА во посед повторно добила 85 проценти од имотите што и биле одземени.“

Овој сегмент од прилогот секако е важен, бидејќи покажува напредок во тој процес кон двете наши најголеми верски заедници. Весникот потоа пренесува изјава на поглаварот на ИВЗ – реисот Сулејман Реџепи за „Радио Слободна Европа“, во која тој нагласува дека во овој процес е дискриминиран. Тој тврди дека досега им се вратени 15 отсто од имотите што ги побаруваат.

Оваа, да ја речеме „критика“, сепак, не е таа на која се однесува насловот, бидејќи се алудира на една актуелна колумна на реисот Реџепи на неговиот блог, која отвори многу расправи и во дел од јавноста се доживеа како напад врз актуелната власт, односно врз ВМРО-ДПМНЕ (види тука). Медиумот ја става на вага – од една страна – вредноста на вратениот имот, а – од друга страна – се алудира на нелојалноста на верскиот поглавар кон земјата во која живее.
Сосема е јасно дека денационализацијата е обратен процес од национализацијата. Кога се работи за првни лица, како во случајот, не е важно кој стои на негово чело и дали тој е омилен во јавноста или за дел од јавноста!

Така, по промената на политичкиот систем во 1945 година, а особено на почетокот од педесеттите години на минатиот век, на сите физички и правни лица кои имале поголем имот од законски предвидениот, земјиштето и деловниот простор им се одземени со решение на суд или соодветна државна комисија. Сега, по повторната промена на политичкиот систем, а и како обврска на државата пред меѓународната заедница, истиот тој имот се враќа назад, ако преку надлежна комисија на Министерството за финансии се утврди дека одземање постоело, дека тоа е направено без надомест или со неправеден надомест. Оние кои поднеле барање, имаат право на жалба до Управниот суд, со тоа што некои незадоволни баратели отидоа и до Судот во Стразбур, барајќи правда. Последниве не пишувале колумни кои не им се допаднале на властите. Значи, за овој процес е дозволиво да се користат инструменти за да се изразат резерви кон денационализацијата, ама таа не смее да се поврзува со никаква „заслуга“, бидејќи се работи само за процес на враќање на претходно одземен имот.

Во текстот постои уште една алузија – дека ИВЗ добива многу пари од Саудиска Арабија и дека е богата вeрска заедница, со што се создава клима за можно, хипотетичко забавување на враќањето на имотот кон верската заедница или потценување на реалната вредност на имотот кој треба да се врати, а кој останал во процес невратен.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција