Рецензија: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки

04072014-Jatrvi-Kanal-5-crop-resize

Јатрви се степале, но медиумскиот сеир личи како да бил важна причина да не се пропушти регистрирањето на овој „исклучителен настан“. Значи: новинар, снимател, камера, автомобил, уредник и една национална телевизија се погрижиле овој „исклучителен настан“, оваа „медиумски вредна информација од посебен јавен интерес“ да биде соопштена во централните информативни емисии на телевизијата со национална концесија…

04072014-Jatrvi-Kanal-5Линк до оригиналниот напис: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки

Датум и време на објавување: 06.04.2014, 14:15

Датум на рецензирање: 08.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Кога се во прашање вакви тривијализирани медиумски содржини за кои со право се прашуваме и ние и публиката каква вредност имаат како информација, секогаш сме во дилема дали Сервисот за проверка на фактите од медиумите треба да се занимава со нив. Кога не би се работело за медиум со национална концесија и за публиката пред која мора да се демонстрира одговорност, веројатно не би трошеле време на вакви новинарски продукти. Заради тоа, заради публиката пред сѐ, оваа рецензија ги поставува следните прашања:

Дали медиумите се одговорни и за креирањето на јавното мислење, за формирање на вкусовите и трендовите, за духот на времето… Најкатегорично тврдиме – да! Тоа значи дека медиумите, дури и оние комерцијалните, се (или, треба да бидат) одговорни за содржините што ги емитуваат.

Дали воопшто постои интерес во јавноста за вакви новинарски извештаи?

Зошто еден медиум кој претендира да биде сериозен, и еден од оние со поголема гледаност, има потреба од вакви содржини кои немаат никаква вредност и само го деградираат вкусот на публиката, наметнувајќи ги проблематичните стандарди кои ги промовира овој ТВ извештај?

Што има во тој ТВ извештај: во прилогот во „стендап“ репортерот вели „раскараните јатрви не сакаат за зборуваат пред камера“. Можете ли да си замислите што би рекле двете јатрви доколку би прифатиле да зборуваат пред камера?

Не можеме да  се воздржиме и да не прокоментираме дека во земја во која еден претседателски кандидат одбива ТВ дуел, ќе беше добра алтернатива јатрвите да сведочат пред камерата. Штета!

Потоа, следуваат видео снимките што одат како подршка на ТВ извештајот. Следиме пружени испрани алишта кои ја сведочат драмата, додека новинарот во „војс овер“ објаснува дека инцидентот „настанал заради тоа што двете јатрви не можеле да се договорат за редоследот на пружање алишта во дворот и која прва ќе го започне неделното чистење на куќата…

Тоа е кулминацијата на драмата на еден настан за кој новинарскиот извештај треба да биде гаранција дека таа случка е од јавен интерес.

Дали е тоа можно? Дали е воопшто можен процесот на новинарско-уреднички разговор и консултации за тоа дека за овој настан треба се ангажира цел еден телевизиски процес, кој како резултат треба да остави трага на денот.

Бидејки имаме еден ваков прилог – очигледно е дека е можно. Но, навистина, кому му е сето тоа потребно?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција