Рецензија: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70

FireShot-Screen-Capture-017-TELEGRAF-MK-www_telegraf_mk_aktuelno_17-crop-resize

Текстот што го рецензираме покажува дека не постои тема која не е за весник. Сите седнуваме во кафулиња, некогаш сме и лути кога ќе ја добиеме сметката, мислејќи дека сме ограбени.

Дали е така истражува овој текст, покажувајќи дека и едно обично кафе испиено во некое кафуле може да стане мотив за истражувачка сторија и да биде тема од јавен интерес. Заслужува позитивна рецензија затоа што јавноста навистина има право да знае сé што е од јавен интерес, па и тоа „Како не соголуваат кафулиња: Шоља кафе од 10 денари ја плаќаме 70“.

FireShot Screen Capture #017 - 'КАКО НÈ СОГОЛУВААТ КАФУЛИЊАТА_ Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70 – TELEGRAF MK' - www_telegraf_mk_aktuelno_17Линк до оригиналниот напис: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70 

Датум и време на објавување: 31.07.2014, 13:07

Датум на рецензирање: 1.08.2014

Рецензент: Александар Писарев

Низ автентична и документирана истражувачка репортажа со многу конкретни факти, со одговорно употребени податоци и информации со смисла за реалноста и извлекување на заклучоци и со чувство за општествено одговорен новинарски текст, приказната се движи од соговорник до соговорник. За да се сублимира дека: „… еден килограм кафе на големо се продава по цена од 480 до 1.800 денари зависно од видот и марката, а од тоа се добиваат 100-130 кафиња, така што во просек, една шолја еспресо кафеанџиите ги чини 10 денари, а ние ја плаќаме 70.“

 

АРГУМЕНТИ „ЗА“ И „ПРОТИВ“

Иако се работи за лајф приказна, таа е содржински убаво и лесно пренесена до публиката и во неа е создржана, може да се каже, и длабинска економска анализа на цената на едно експресо од купување на големо во дисконт, до моментот кога ќе биде сервирано на маса во кафулето.

Умешно и содржајно се претставени двете страни. Авторката се обидува аргументирано да ги заштити потрошувачите –граѓаните …„од соголување во кафулињата“ со факти дека маржите се превисоки: „кај чајот маржата е 80 проценти“. Тоа фактографски ни го пренесува преку изјавата на компетентен соговорник:

„кај најскапиот пијалок, вискито „Џони Вокер“набавната цена за една доза-чаша е 40 денари, или една доза водка чини 30 денари а во угостителските објекти се продаваат по 150 до 200 денари, вели …. од компанијата увозник на алкохолни пијалоци… или шише шампањ има набавна цена 2500 денари а го продаваат 100-300 евра, шишиња вода се 10 денари а ако седнете во кафуле и тоа може да ве чини од 40 до 60 денари“.

Со новинарска љубопитност и довитливост авторката пренесува деловен амбиент од скопските кафулиња и преку отворен разговор со сопствениците дава аналитичен преглед на трошоците и заработката и ги преточува во занимливо новинарско четиво.

„Точно е дека кај кафето има заработка, но треба да ги имате во предвид и нашите трошоци за струја која е индустриска,, данок, трошкови за вработените… кога сето ова ке се пресмета, нее така профитрабилно да имате кафуле, вели…“,

 

ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА

Со богат фотографски прилог и автентични фотографии кои, за жал, се без легенда и без потпис, авторот на текстот,  кој е потпишан со полно име и презиме, вистинито и пластично го објаснил формирањето на цените во кафулиња.

Со тоа го испочитувал основниот принцип и членот 1. На Кодексот на новинарите на Македонија

Новинарот треба да обвјавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Испочитувана е и Минхенска декларација за правата и обврските на новинарите усвена 1971 година во Минхен, поглавје должности на новинарот:

Новинарот мора да ја почитува вистината, ма кави биле последиците по него, бидејќи јавноста има право да ја знае вистината.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција