Рецензија: Како нинџа или руски шпион – Зоран Заев се маскирал и го гасел телефонот на влез во Скопје

FireShot-Screen-Capture-076-Како-нинџа-или-руски-шпион-–-Зоран-Заев-се-маскирал-crop-resize

 

Во прилогот што е предмет на рецензија има сé, само не факти и валиден извор со кој би се потврдила вистинитост на напишаното, па тешко е да се каже дали се работи за новинарски текст или за паракнижевност – вовед во некој трилер во кој писателот, со име и со презиме, си ја пуштил фантазијата да измислува приказна што треба лидерот на опозицијата да го претстави како најголемата опасност за државата, шпион, соработник на странските тајни служби и уценувач од типот на „терористите на Исламската држава“.

FireShot Screen Capture #076 - 'Како нинџа или руски шпион – Зоран Заев се маскиралЛинк до оригиналниот напис: Како нинџа или руски шпијун – Зоран Заев се маскирал и го гасел телефонот на влез во Скопје

Датум и време на објавување: 5.02.2015 4:26

Датум на рецензирање: 7.02.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

„ОБВИНИТЕЛЕН АКТ“

Повикувајќи се на „свои извори“, авторот подигнува обвинение против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, не обрнувајќи внимание на новинарскиот Кодекс и правилото дека треба во секоја пригода да се води сметка и да се почитува презумцијата на невиност. Се пласираат тези кои треба да се прифатат „здраво за готово“. Се употребуваат пејоративи и навредливи зборови и идентификација на лидерот на опозицијата со „терористи од Исламска држава, руски шпијуни, шпијуни од американскте филмови“…

Основните водилки во текстот се сензационализмот, кој извира уште во насловот, и јасната намера до крај да му се наштети на претседателот на СДСМ и тој да се дискредитира. Се даваат детали од истрагата, иако нема уште ниедно официјално соопштение и се пренесува атмосферата од „разговорите со премиерот“. На лидерот на опозицијата му се импутира синдромот на уценувач од типот на Исламската држава, при што се прикажува како крајно нехуман човек кој не водел грижа, на пример, за новинарот Кежаровски или сопартијецот Бучковски, за кои преку уцени до премиерот не барал нивното ослободување, туку се залагал само за личните пријатели и за криминалци.

„Не барал ослободување на новинарот Кежаровски или екс сопартиецот Бучковски. Заев барал слобода за личните пријатели Роби Телекабел осуден за насилство и првоосомничемниот во акцијата Лепак, шефот на царината на граничниот премин Ново Село обвинет за криминал тежок неколку милиони.“

Како и во секој трилер, приказната се развива во правец кај читателот да предизвика што поглема напнатост во исчекувањето виновникот да биде фатен и казнет. Во продолжение, повикувајќи се на „свои извори“, се одредува кој е првоосомничениот, иако обвинението уште не е подигнато, и се опишуваат детаљите од „шпијунажата“ во која главните актери се Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски. Притоа, се заборава дека, како што е и официјално објавено од неговиот адвокат, на првиот распит кај истражниот судија не станало ни збор за шпионажа, Верушевски бил испрашан само за оружјето кое го поседувал и кое било пронајдено кај него дома. Со тоа се прави скриен притисок од страна на медиумот врз судството во кој правец треба да оди обвинението.

 

МАСКИРАНИОТ ЗАЕВ

Авторот се внесува во приказната како да стоел зад аголот и ги следел Заев и Верушевски додека овие се занимавале со конспиративната работа насочена против државата, па детално – од рекла-кажала го опишува и нивниот изглед, однесувањето, начин на движење и комуницирање додека биле во акцијата на шпионирање.

„Двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа, а дел од  ликот го прекривал со шал.
Пред секој влез во Скопје тој го гасел својот мобилен телефон зашто се сомневал дека може да му се влезе во траг.“

На крајот, давајќи им на настаните формат на мегаскандал, се дава просторот и на втората страна нешто да каже, пренесувајќи ја парафразираната изјава на Зоран Заев од конференција за печат, на која изјавил дека не го познава Зоран Верушевски, а матерјалите ги добил од анонимните граѓани. Притоа, нагласено се напоменува дека Заев со месеци се заканувал и барал техничка влада.

Крајно тенденциозен и пристрасен текст во функција на политичка пресметка со лидерот на опозицијата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција