Рецензија: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата?

Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата NetPress-crop-resize

 

Одамна нашата новинарска практика заборави дека е можно поинакво мислење, такво кое отстапува од владејачкото или од преовладувачкото. И заборава дека и тоа мислење треба да има рамноправен третман од медиумите. Така вели, меѓу другото, и преамбулата на Кодексот на новинарите:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Но, тоа е само една од повеќето аномалии на оваа медиумска содржина.

Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата NetPressЛинк до оригиналниот напис: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата?

Датум и време на објавување: 06.01.2015, 11:24

Датум на рецензирање: 09.01.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Како да веруваме во вистинитоста на оваа медиумска содржина? Нема ниту еден елемент дека таа е вистинита.

Во третиот и во четвртиот став на членот 1 од Кодексот на новинарите јасно се препорачува:

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Дури и побенигно би било доколку медиумот ја наречеше оваа информација „шпекулација“ и доколку како таква ја третираше докрај. Шпекулациите не се нешто што треба да се избегнува во секој случај, но, секако, како такви треба да се именуваат.

Во овој случај весникот се повикува на „неофицијални извори“ и си ја тера. Уште вели:

„Потврда или негирање на драмата која следела вчера по прифаќањето да се оди на дебата не можеме да добиеме, но единствено што е сигурно е дека изјавата на професорите следеше по долгото исчекување и неизвесност во мачна атмосфера што говори дека нешто се случувало пред таа изјава.“

Не пишува дека побарале некој да ја потврди или негира оваа приказна, ама се сигурни дека….

Бесмислено, нели! Како можат да бидат сигурни.

Кога станува збор за вистинитост, изворите на информациите се тие што можат да бидат аргументи за реалноста на информацијата. Наместо извори, во оваа информација имаме:

„… дознава Нетпрес од неофицијални извори.“

Што се тоа неофицијални извори? Нема никакво дополнително објаснување или прецизирање. Кога се работи за анонимни или неофицијални извори, едно од правилата на новинарството е да се лоцира колку што е можно поблиску идентитетот на изворот. Не да се открие. Тој може да биде анонимен или неофицијален, но мора да постои аргумент дека е тој реален.

Овој текст, за жал, не оддава чувство на реалност. Настрана што и не е многу занимлив, туку пристрасен и политички наклонет.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција