Рецензија: Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал?

lib-0987009988-09800-crop-resize

Не е едноставно да се конципираат вестите врз основа на добиени фотографии, а притоа да се остави впечаток на веродостојност. Тоа најмногу зависи од тоа што содржи фотографијата. Во конкретниот случај, рецензираме фото-вест со фотографија за која не се знае дали е веродостојна. Ситуацијата би била поинаква доколку фотографијата е снимена од самиот медиум и доколку се приложува кон текстот што претставува сведоштво, што не е случај.

libЛинк до оригиналниот напис:  Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал?

Датум и време на објавување:  20.04.2014, 20:04

Датум на рецензирање: 21.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

 

РИЗИК Е ДА СЕ ОБЈАВУВА ОНА ШТО Е ТЕШКО ДА СЕ ПРОВЕРИ

Како извор на информацијата се зема фотографија, но тешко е од неа да се процени дека она што се тврди во текстот е вистинито. Поинаква би била ситуацијата ако авторот е истовремено и сведок на настанот, односно ако тој видел дека овие лица за кои точно се посочува на која локација биле, навистина запишувале гласачи. Добро е да се имаат веродостојни извори на информации. Од фотографијата е евидентно дека двете момчиња се свесни оти ги фотографираат. Затоа, логично се поставува прашањето како авторот е сигурен дека она што му се пласира како информација е веродостојно и точно? Комплицирано и сензитивно е прашањето на објавување на вакви информации баш поради тоа што е тешко да се добие цврсто уверување дека она за кое се пишува навистина е она што се гледа на фотографијата. Можеби е така, а можеби не е. Не е посочено кои се овие луѓе на фотографијата и од каде се знае на која партија ѝ припаѓаат. Оставаме простор авторот да има цврсто уверување во она за кое известува доколку му е познат изворот и доколку му верува. Стануваз бор за оригинален текст, конципиран на една фотографија испратена до редакцијата.

Воедно, би можело да се каже дека текстот е недоволно уверлив, поради сензитивноста на начинот на кој е дојдено до него. На читателот останува да верува или да не верува во она што се тврди, но новинарите треба да тежнеат кон објавување проверени информации за сметка на оние кои се дискутабилни.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција