Рецензија: Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?

FireShot-Screen-Capture-186-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID70313_Uuln__ldVe-crop-resize

Пред нас е еден пристрасен прилог со тендециозен со наслов: „Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?“, кој алудира на тоа дека постои  мистерија околу некаков луксузен стан на заменик претседателката на СДСМ. Иако, Шеќеринска на прес-конфернција објсани за каков стан се работи. Односно, јасно кажа дека:

„Станува збор за надоместок од страна на фирмата во која работи нејзиниот сопруг за трошоци за станот во кој живее со семејството“

И наспроти  просторот што му е отстапен на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски , кој ја прозва Шеќеринска за стан што таа го пријавила во анкетниот лист, нејзиниот одговор е сметен во само две-три реченици на крајот од текстот и е целосно маргинализиран.  Авторот на овој материјал, очигледно, го сметал за небитен ставот на Шеќеринска и го игнорирал при изборот на насловот.

FireShot Screen Capture #186 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=70313#_Uuln__ldVe-Линк до оригиналниот напис: Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?

Датум и време на објавување: 29.01.2014, 17:05:15

Датум на рецензирање: 30.01.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Прилогот се потпира на изјавите на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и на заменик претседателката на СДСМ, кои се точно пренесени. Но, материјалот  е така конципиран што манипулира со вистината.

Извори на информации: Извор на информации се прес-конференциите на Димовски и на Шеќеринска.

Содржајност: Текстот што го рецензираме само навидум ја има опфатено втората страна. Ударно место во прилогот има изјавата на Димовски на кого му е отстапен  прилично голем простор, а од опширната изјава на Шеќеринска е даден само еден фрагмент.

“Тоа се пари кои согласно менаџерскиот договор мојот сопруг, од фирмата во која работи ги добива за животни трошоци. Тоа се пари за кои платил и данок”, рече Шекеринска.

Според неа, доколку во пследниве осум години било пронајдено нешто незаконско во нејзината работа или имот, таа досега сигурно ќе била во затвор“

Во прилогот се изоставени делови од изјавата  на Шеќеринска, кои ги пренесоа некои медиуми и кои даваат сосема поинаква слика за приказната.

Опозицијата и СДСМ го откриваат скриениот имот на првите луѓе во власта.Имот кој што го скриле од институциите и од јавноста. Имот кој не го пријавиле на институциите а согласно законот морале тоа да го направат.

 Тие денеска ја открија Америка и на јавноста и го покажаа имотот кој јас сум го пријавила во Државната комисија за спречување корупцијата и сите други релевантни институции.Денеска зборуваат и плукаат и ја свртуваат темата од вистинските прашања за кирија која што уредно сум ја пријавила а не како нив да ја кријам. 

 Е тоа е големата разлика.Нема скриен имот кај опозицијата, нема неоданочен имот кај опозицијата и затоа тие денеска треба да прават случај таму каде што не можат да исконструираат случај.

 Се трудат да најдат еден документ со мој потпис со кој ќе ме обвинат дека еден денар незаконски сум земала. И неуспешни се во тоа, бидејќи зад мене не постои Аналитико, бидејќи зад мене нема Национална платежна картичка, бидејќи зад мене нема милиони евра дадени на омилени уредници.

Пристрасност: Манирот во кој е направен овој нивинарски производ  јасно покажува полтичка наклонетост и тоа уште од насловот. Еден коректен новинарски пристап подразбира балансирано претставување на  двете страни, како што е тоа, на пример, направено во прилогот на една друга телевизија.

Оригиналност/Плагијат: Зад прилогот стои потпис со име и презиме на авторот.

Квалитет на насловот: Насловот е впечатлив. Иако е даден во прашална форма, тој е сугестибилен и има интенција да ја оцрни Шеќеринска.

Фотографија: Прилогот е илустриран со снимки од настапите на Димовски и Шеќеринска и со инсерти од станбени згради во Скопје.

Заклучок: Телевизијата излегува со крајно непрофесионален прилог во кој се препознава идејата да се убеди јавноста дека има нешто сомнително со станот на Шеќеринска. Освен очигледниот мотив за политичка дискредитација, прилогот заедно со серијата слични содржини објавени  на повеќе други медиуми, има за цел да креира случај околу имотот на Шеќеринска и вниманието да го пренасочи кон неа. Таа деновиве е изложена на лавина обвинувања во кои власта ја вплетка и фирмата каде што работи нејзниот сопруг.

Нападите на Шеќеринска уследија откако СДСМ ги прозва пратеничката Силвана Бонева и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски за становите кои не ги пријавиле во анкетните листови и по обелоденувањето на  мегаскандалот со милионскиот тендер во здравството, во кој е инволвирана „омилената уредничка“ на премиерот.

(Напомена: Насловот на рецензираниот текст во насловот на рецензијата и во линкот до рецензираниот текст, како и евентуалните преземени цитати од рецензираниот текст, се преземени идентично како и во оригиналот – со сите евентуални граматички грешки и синтактички неправилности.)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција