Рецензија: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите

Каролина на суд поради гласен секс Ја пријавиле комшиите Сител Телевизија-crop-resize

 

Сигурно многумина што го виделе насловот на овој текст, помислиле дека ова се случило во Македонија и дека има некаква врска со поп-пејачката Каролина Гочева. Сензационалистичкиот наслов на овој текст, како и фактот што истиот е сместен во рубриката „Џет-сет“ има цел да го доведе во заблуда читателот дека се работи за некоја друга личност. Кога ќе се прочита текстот, станува јасно дека личноста именувана во насловот нема никаква врска со личноста спомената во текстот.

Каролина на суд поради гласен секс Ја пријавиле комшиите Сител ТелевизијаНаслов на анализираниот напис: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите

Датум и време на објавување:9.12.2014, 14.18

Датум на рецензирање: 12.11.2014

Рецензент: Ана Анастасовска

Не е наведен изворот од каде е преземен текстот ниту, пак, е ставен линк до оригиналната верзија. Во текстот само се спомнува дека инцидентот се случил во Велика Британија, но не се наведува во кој град или во кое место. Ова може да отвори сомнеж кај читателот дека веста како таква, можеби, е стара и не е актуелна, а може да е и целосна измислица.

Насловот на овој текст е сензационалистички и тој можеби е креативен, но го доведува во заблуда читателот дека се работи за наша позната пејачка. Целта на авторот на овој текст, очигледно, била да се изманипулираат читателите, уште повеќе што тој е сместен во рубриката „Џет-сет“ каде стојат текстови посветени на јавни личности од домашната и од странската естрада. Текстот слободно би можел да се стави во рубриката „Забава“ или „Еротика“. Кога ќе го прочитате текстот, ќе ви стане јасно дека се работи за сосема друга личност, односно за извесна Керолајн од Велика Британија. Целта на авторот на овој текст очигледно била да собере што е можно повеќе читаност, но не и да информира за некоја суштинска и актуелна работа.

Би било подобро доколку насловот на текстот биде попрецизен, во стилот „Британка завршила на суд поради гласен секс“. Во него би требало да се наведе и изворот на информацијата, односно линк кој ја пренесува веста за тој да биде поверодостоен. Ваков, како што е пренесен, текстот отвора редица различни сомнежи.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција