Рецензија: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?!

Катастрофален-крај-Сите-компјутери-ќе-„умрат“-на-19-јануари-2038-година-Вистина-crop-resize

 

Фрлајте ги комјутерите луѓе затоа што за 23 години нема да ви работат. Како на друг начин да ја сфатиме пораката што треба да се испрати со овој напис, кој наликува на предвидувањата за крај на светот поради Y2K пред почетокот на новиот милениум. Да потсетиме, наспроти тогашната медиумска паника и холивудските сензационални филмови, предвидувањата не се остварија. Ако компјутерската индустрија комплетно пропадне во блиска иднина и ако останеме со машините што денес ги користиме, богами и би требало да се плашиме од овој „катастрофален крај“ кој се предвидува.

Катастрофален крај  Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година     ВистинаЛинк до анализираниот напис: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?!

Датум и време на објавување: 19.12.2014

Датум на рецензирање: 21.12.2014

Рецензент: Александар Пешев

Нема евидентирано присуство на користени извори. Се користат тврдења кои на крај се класифицираат како коментари со „хештег“, но нема евидентирана поддршка на едностраните предвидувања. Недотига одговор на клучното прашање: дали 32-битните системи кои наводно би предизвикале проблеми ќе останат во употреба до 2023 година?

Минималното ниво на сеопфатност е поткопано од непроверени информации.

„Проблемот најмногу ќе влијае на Unix оперативниот систем, кој ги покренува Андроид и Епл телефоните, како и поголемиот дел од интернет серверите.“

Системот „андроид“ е базиран на „линукс“. Не е направена основна проверка на приложените тврдења за  да се избегнат грешки. Недостига атрибуција, имено не се знае кој ги дава тврдењата и зошто треба да му се верува на изворот – дали е квалификуван, дали работи на проблематиката и слично.

Ваквата форма на известување е причина за загриженост. Да ја тргнеме настрана оваа тема која предвидува армагедон на компјутерските системи во иднината. Кога се земаат или веројатно препишуваат информации без проверка на нивната вистинитост, големи се шансите дека читателот ќе биде наведен на погрешно мислење. Одговорноста за можна клевета или дезинформирање ќе падне врз авторот кој не навел дека информациите кои се презентирани се проверени или можеби преземени од некаде. Дополнително, за која било тема авторот мора да биде свесен за својата одговорност да не предизвикува паника меѓу народот.

Да бидеме реални, не дека некој се стресе што компјутерот можеби нема да му работи за дваесетина години, но замислете да станува збор за посериозна тема – временски непогоди, болести, безбедносна ситуација и слично. Ваквиот формат на известување е неприфатлив според професионалните стандарди.

Текстот е објавуван во странскиот печат со слични и во делови идентични формулации. Голема е веројатноста дека имаме копија. Насловот, иако соодветен на содржината, е сензационален. Не е наведено авторство на фотографијата што соодветствува со написот. Нема навредлив говор или говор на омраза.

Имаме напис чија причина за постоење е веројатно да собере кликови со сензационален наслов. Барем еднаш годишно се промовира нов уред, било компјутер, било мобилен телефон, кој е подобар од претходниот. Голема е веројатноста дека 32-битните системи ќе останат во историјата пред да настане проблемот за кој се пишува. Е сега, ако имате намера во следниве дваесет и неколку години да ги користите истите компјутери и мобилни телефони, паничете народе, катастрофата е неизбежна.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција