Рецензија: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил

14_000_01-crop-resize

Брзината на доставувањето на информациите до јавноста отсекогаш била еден од базичните елементи во работата на кој било медиум. Сегментот брзина дополнително добива на тежина со т.н. „дигитална револуција“ на медиумите при што многу често промптноста е позначајна од останатите професионални критериуми, како, на пример, вистинитоста на придружните елементи на еден новинарски текст. Таков е и случајот со овој прозивод каде содржината не е пропратена со соодветна фотографија, тука таа едноставно е извлечена од некоја архива, овојпат од онаа на царината, најверојатно за сметка на што побрзо објавување на веста.

КИЧЕВО Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил – TELEGRAF MKЛинк до оригиналниот напис: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил

Датум и време на објавување: 12.11.2013  10:16

Датум на рецензирање: 12.11.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Тука е главниот проблем, но не во делот на текстот, туку во делот на неговото „илустрирање“. Информацијата за пакет од еден килограм марихуана пронајден во автомобил со охридски регистраски таблички, при случајна полициска патрола, е проследена со фотографија преземена од друга акција, очигледно не од онаа за која се зборува. Прво, гледаме повеќе пакети. Второ, тие очигледно не можеле да бидат откриени при рутинско полициско патролирање, бидејќи од фотографијата се гледа дека станува збор за пратка добро маскирана во внатрешноста на еден автомобил. Трето, на самата фотографија стои дека е преземена од Царинската управа, а текстот објаснува за полициска активност!!!

Извори на информации: Изворите на информации се јасно наведени како полициски. Се користат исклучиво податоци преземени од МВР, со исклучок на еден, а тоа е фотографијата „позајмена“ од царината.

Содржајност: Куса, јасна и прецизна информација, цитирана од полицискиот билтен, која доволно ја доловува ситуацијата, со исклучок на „лошото наведување“ токму поради употребената фотографија.

Квалитет на насловот: Насловот е коректен и без какви било дополнителни интервенции на читателот му се објаснува основата на информацијата.

Фотографија: Промашување, но очигледно не станува збор за превид. Како поинаку да се толкува фактот дека во текстот се зборува за полициска интервенција, а се прави обид, јасно несоодветен, тоа се покрие со фотографија од друга царинска активност.

Заклучок: Ако сликата заменува илјада зборови, тогаш зошто некој помислил дека оригиналната може и треба да биде супститурана со „копи-пејст“ фотографија? Објаснувањето најверојатно треба да се бара во брзината: „Подобро ние први, отколку другите“. Но, што ако другите објавиле фотографија која можеби е вистинската, а за сметка на тоа задоцниле некоја минута повеќе? Така се создава конфузија кај публиката, која од една кратка фото вест очекува вистинска фото вест.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција