Рецензија: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела

 

samoubistvo-0987-098-silo-002-crop-resize-002

Пред нас имаме текст кој се занимава со исклучително комплексна тема. Известувањата за самоубиство во новинарството отсекогаш биле предизвик за тоа како и до колку треба да се известува за еден ваков настан. Таа проблематика најдобро ја има разработено м-р Жарко Трајаноски во анализата: Како (не) треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери. Во овој текст само ќе посочиме каде се направени грешките и зошто написот е се нашол на рецензија.

samoubistvoЛинк до оригиналниот напис: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела

Датум и време на објавување: 03.07.2014, 08:06

Датум на рецензирање: 03.07.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРЕДОЗИРАЊЕ

Најверојатно настанот и се случил тоа така како што е напишано. Но, дилемата е дали смее и дали треба така да се известува. Во анализата на Трајановски тој вели:

Новинар(к)ите треба да се воздржуваат од детални описи на жртвата (особено ако не станува збор за јавна личност) и на методот на самоубиство, затоа што деталното известување може да претставува поттик и други луѓе да го копираат опишаниот метод. Ако се известува за случај на предозирање на некоја јавна личност, се препорачува да не се известува детално за природата, квантитетот, комбинацијата на земени дроги или начинот на кој се набавени.

Во овој текст е наведено дека информацијата е пренесена од телевизија Стар. Но без разлика од каде е текстот, тој ги има истите грешки. Нема наведено од каде се „деталите“ за самоубиството, но веројатно се од пријатели или роднини. За тоа во анализата, пак, се вели:

Треба да се биде особено внимателен кога извори на информации се најблиските. Непрофесионално е врамување во наслов на сензационалистички шпекулации за исчезнато лице како и објавување информации од медицинско досие.

Во анализата, пак: Како (не) треба да се известува за самоубиство: Воздржете се од сензационализам! Се вели:

Во многу земји постојат конкретни стандарди (упатства, насоки или препораки) во врска со медиумско известување за самоубиства. Во Македонија постојат „Упатства за известување за самоубиство“ во Прирачник за етиката во новинарството на ЗНМ. Во упатствата е јасно нагласено дека:

„- Согласно членовите 7 и 8 од етичкиот Кодекс, новинарите се должни да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија“.

– Фотографии или снимки на починатиот треба да бидат избегнати, како и евентуално оставени писма и пораки.

– Наведување на социјалните причини, како што е невработеноста, проблеми со училиштето или крај на романтична врска, може да биде разбрано како порака до сите кои имаат слични проблеми дека самоубиството е едно од можните решенија.

– Колоритни фрази, позитивен став кон чинот или сензационалистички пристап, особено доколку станува збор за популарна личност која е идол на младите, може да поттикнат на самоубиство.“

 

НЕПОТРЕБНИ ДЕТАЛИ

Текстот има детали, кои не би требало да ги има. Нема коментирање, само претпоставки. Информацијата е преземена од телевизија Стар, но, како и да е, грешката е очигледна и на двете места. Насловот е сензационалистички. Фотографијата е исто така проблематична. Според анализата на Трајановски:

Во македонските медиуми се почесто се објавуваат фотографии, видеа или проштални пораки на жртви на самоубиство, дури и на малолетни жртви. Уредниците треба да бидат особено внимателни при изборот на фотографии, затоа што и самата фотографија може да сугерира на самоубиство. За жал, медимски „тренд“ станува и објавување видеа и фотографии од социјалните мрежи на жртви, нивните проштални пораки и пораки на лица кои најавуваат самоубиство.

И како заклучок само еден дел од анализата: (Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиства?

Поред повеќе експерти за етичко новинарство, кога новинар(к)ите известуваат за самоубиство, треба да бидат објавувани и информации каде можат да се обратат за помош луѓето кои размислуваат за самоубиство.  Но, има и размислувања дека во своите известувања новинарите не би требало да играат улога на активисти за превенција на самоубиство, затоа што со тоа би го напуштиле принципот на неутралност.

Сепак, етичка должност на новинар(к)ите е ем да објавуваат информации од јавен интерес, ем да ја минимизираат штетата додека известуваат. Со објавувањето на националната СОС линија за превенција на самоубиства, секогаш кога известуваат на тема самоубиство, новинар(к)ите ќе објават информација од јавен интерес, а истовремено можат да ја минимизираат и евентуалната штетата од нивното известување.

SOS_linija_3136-400

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција