Рецензија: Кој ќе му се спротивстави на Груевски?

gruevski-izbori-crop-resize

Текстот добро почнува и завршува некаде до средината. Но, да не е последниот пасус би била вест како и секоја друга. Ама, тогаш не би била сензационална. Со овој пасус:

Она што останува непознато е како СДСМ ќе ги распореди своите адути. Се поизвесно станува дека Зоран Заев ќе побегне од дулеот со Груевски во првата изборна единица и дека наместо него, во изборната трка во „кецот“ ќе влезе Радмила Шеќеринска, политичар кој до сега има претрпено најмногу порази во директното соочување со Груевски. Таа ги загуби изборите во 2011 и во 2008 година во директен дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

пред нас имаме сензационална вест која не може да се провери, освен да се почекаат изборите.

gruevski izboriЛинк до оригиналниот напис: Кој ќе му се спротивстави на Груевски?

Датум и време на објавување: 17.03.2014, 10:50

Датум на рецензирање: 18.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

АНАЛИЗА АЛА БАБА ВАНЃА

Можеби првиот дел е и вистинит затоа што овој пасус навистина е анализа од минатите избори и може да се претпостави дека посочениот лик во приказната ќе го направи тоа. Поради традиција, но и поради други причини, претпоставката може да биде веројатно точна. Понатаму текстот користи само анализи ала Баба Ванѓа и така завршува.

Нема извори на информација, туку само претпоставка под плаштот на минатите избори. Целиот текст е правен според тоа што било на минатите избори и тоа се зема за веродостоен податок дека ќе се случи и годинава.

Од останатите партии само Беким Фазлиу од ДПА е сигурен противник на премиерот во трката за повеќе столчиња во македонското Собрание, откако неговата партија вчера ги комплетираше изборните листи. Сепак, за партиите со албански етники предзнак, главната битка се води во шестата изборна единица, а токму таму, Тачи потврди дека ќе биде носител на листата, а противкандидат најверојатно ќе му биде ривалот од ДУИ, Али Ахмети.

Само овој пасус колку-толку може да се земе за релевантен, затоа што се споменуваат и другите кандидати а податокот е од прес конференција на една албанска партија.

 

ГЛЕДАТЕ ЛИ СЕГА КОЈ Е МАЖ

Пристрасен е во голема мера. Навивачки и омаловажувачки текст од типот „Гледате ли сега кој е маж“.

Се поизвесно станува дека Зоран Заев ќе побегне од дуелот со Груевски во првата изборна единица и дека наместо него, во изборната трка во „кецот“ ќе влезе Радмила Шеќеринска, политичар кој до сега има претрпено најмногу порази во директното соочување со Груевски.

Последниот пасус е целиот коментар.

Залепени две парчиња, едното од минатите избори и другото претпоставка за овие. Текст кој може да се направи за 30 секунди.

Насловот се труди да праша, а текстот демек одговара. Тоа била и смислата на насловот, без последниот пасус немало смисла, ниту за ваков  наслов.

Фотографијата е од минатите избори што според авторот треба да го засили текстот и да се помисли дека е вистина.

Текстови со прашалник сѐ повеќе пронаоѓаме изминатиов период. Кога не се работи за издржана теза, мора да се праша за наводно да се даде одговор. Па кој поверува-поверува, кој не…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција