Рецензија: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден

Крв-се-лееше-низ-скопските-улици-во-текот-на-вчерашниот-ден-Maxim-crop-resize

Желбата за читаност, т.е. кликаност на вестите на порталите не еднаш довела до сензационални наслови. Но, откако ќе се прочита текстот, тие испаѓаат не само непропорционални на неговата содржина, туку звучат дури и комично.

Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден   MaximЛинк до оригиналниот напис: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден

Датум и време на објавување: 16.07.2014

Датум на рецензирање: 17.07.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Текстот се темели на факти од билтенот на Министерството за внатрешни работи. Фактите се точни во поглед на бројот на сообраќајките во текот на едно деноноќие, бројот на повредените и причинетата материјална штета. Никаде во текстот нема податок дека се работи за тешко повредени. И споредбата со текстовите во други медиуми ја покажува „гладта за крв“ во овој случај.

Како извор на информации се наведени увидите на сообраќајната полиција на град Скопје, а податоците се од билтенот на полицијата за претходниот ден.

Насловот е сензационалистички, несразмерен со фактите, несоодветен и тенденциозен. По секоја цена ја истакнува „крвта“ во информациите за сообраќајните незгоди.

Сензационалистичките наслови, како на овој текст, често користат „магични“ зборови како „крв“, „војна на улиците“, „масовни нереди“ и сл. Целта за привлекување на вниманието на читателот затоа неретко буквално „експлодира“ пред неговите очи.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција