Рецензија: Кучето, опасно или не, на улица мора да биде врзано

dnevnik_mk_default_asp_ItemID9F55CA4B-crop-resize

Проблемот со кучињата во урбаните средини повеќепати беше медиски обработуван, но никогаш не добивме права слика што, како, дали и со кои прописи или закони е регулирана оваа материја. Во текстот кој го рецензираме авторот добро ја обработил оваа тема, придржувајќи се до упатствата кои неодамна ги објавивме во новинарски лекции како треба да изгледа опрема на текстот. Но тоа нее единствената причина поради која заслужил позитивна рецензија. Ги има повеќе и да одиме по ред.

FireShot Screen Capture #072 - 'Kучето, опасно или не, на улица мора да биде врзано' - www_dnevnik_mk_default_asp_ItemID=9F55CA4B Линк до оригиналниот напис: Кучето, опасно или не, на улица мора да биде врзано

Датум и време на објавување: 04.12.2013,  09:30

Датум на рецензирање: 06.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост:  Ни една реченица во текстот не побудува сомнеж во вистинитостa, бидејќи тој е поткрепен со извор, изјави на референтна институција или поединци експерти.

Извори на информации: Има повеќе извори на информации, повикување на законски прописи и разговор со експерти.

Содржајност: Текстот има правилно развиен насловен блок, со наднаслов, наслов и поднаслов, кои се хармонично вклопени и на прв поглед ја претставуваат содржината што следи. Понатаму текстот е разбиен со меѓунаслови што овозможуваат читателот веднаш да се определи дали понудената содржина е во зона на неговото интересирање или не. „Регистар на опасни кучиња“,  „За напуштање миленик 150 евра казна“, „Нема веќе циркус со животни“, „Годинава каснати 871 граѓанин“. Секој од овие блокови е содржаен и претставува посебна целина.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е оригинално дело потпишано со полно име и презиме на авторот.

Квалитет на насловот: Насловот е многу јасен, прецизен, релативно кус и добро комуницира со наднасловот и поднасловот.

Фотографија: Фотографијата е добро одбрана, „жива“, динамична, одлично вклопена во содржина на текстот и недостасува само потпис на авторот или од каде е преземена.

Заклучок: Она што континуирано како тема недостасува во медиумите се приказните од и приказните врзани за животот на обичниот човек. Авторот одбрал актуелна урбано-комунална тема поврзана со кучињата. Излегол од стеротипиот „кој ги труе кучињата“, „кучињата скитници напаѓаат луѓе“… и со очигледно познавање на проблемот направил истражувачка сторија, повикувајќи се на актулени и нови (во форма на предлог) законски решенија, како и на многу изјави и коментари на експерти за оваа проблематика.
Со тоа е збогатена содржината и презентирана автентична, јасна и прецизна слика на проблемот со предложени решенија.

Она што ретко се случува во новински написи е опфаќање на повеќе категории читатели кои ги привлекува посочената тема. Почитувани се сите принципи и етички вредности што ги пропишува кодексот на новинарите на Македонија.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција