Рецензија: Куќата на Робевци-ремек дело од 19 век ќе биде обновена

 

 

Репортажата како новинарски жанр е најубавата новинарска форма во која настанот се прикажува низ приказната. Во некои репортажи, за одредени предели, личности, семејства, со години и децении фактите остануваат непроменливи и само од умешноста и креативноста на новинарот, кој успева или не успева во нив да открие нови детаљи или приказната да ја пласира од сопствениот агол, тие стануваат повторно интересни за читателот. Доколку само се препише или малку прераскаже старата репортажа или нејзините делови, која некогаш одамна некој ја напишал, станува збор за плагијат. Тоа повеќе не е новинсрство, туку ресавска (препишувачка) школа.

FireShot Screen Capture #067 - 'ALFA TV' - alfa_mk_News_aspx_id=87325#_VKAJCP8TAAЛинк до оригиналниот напис:  Куќата на Робевци – ремек дело од 19.век ќе биде обновена

Датум и време на објавување: 28.12.2014, 23:17

Датум на рецензирање: 3.01.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД ДРУГИТЕ

Во непотпишаниот текст станува збор за куќата на познатата охридска фамилија Робеци, која државата ќе ја обнови, и по тој повод министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која во текстот експлицитно не се спомнува, зборувала за владината политика во обнова и зачувување на охридксото културнио наследство. Истиот ден и другите медиуми ја пренеле таа информација (Ке се обнови ентериерот во „Куќата на Робевци“).

 

ПРИСВОЈУВАЊЕ НА ТУЃ ТЕКСТ

Автопрот сакал извештајот од настанот и прилогот да го збогати со кратка приказна за семејството Робевци со што би се разликувал од другите медиуми и да му даде додена вредност. Но, во недостаток на енциклопедиско знаење за ова познато македонско семејство се послужил со туѓа архива и без да се повика на изворот едноставно со копи/пејст, без да смени и еден збор го присвоил целиот дел од репортажата која е објавена во магазинот Глобус уште во 2009 година и потпишана од авторот (Робевци непризнато македонско кнежевско семејство).

текстот на Алфа

Познатата охридска фамилија Робевци во времето на Османлиското царство имала трговски претставништва во најголемите европски центри и било едно од финансиски најмоќните семејства на Балканот. Членовите на ова угледно семество не биле само успешни трговци, туку и познати интелектуалци, политичари и дејци кои се вклучиле во македонската преродба, а некои ги сметале за македонско кнежевско семејство.

текстот во Глобус

Охридското семејство Робевци во времето на Османлиското царство имало свои трговски претставништва во Виена, Москва, Одеса, Трст, Лајпциг, Атина, Белград, Софија и во други европски центри. За да тргува по светот султаните му издавале привилегирани берати со кои им гарантирале заштита, но истовремено од нив барале чесен однос кон рајата. За нивната финансиска моќ се говорело на далеку, а некои ги сметале за македонско кнежевско семејство. Членовите на ова голема фамилија не биле само успешни трговци, туку и познати интелектуалци, политичари и дејци кои се вклучиле во македонската преродба.  

 

ГРУБ ПРЕКРШОК

Со ова е направен груб прекршок и повреда на членот 12 од Кодексто на новинарите на Македонија кој вели:

Плагијаторство е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција