Рецензија: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација

FireShot-Screen-Capture-016-МРТ-www_mrt_com_mk_node_12232-crop-resize

Да се напише јасна и интересна вест не секогаш е така лесно како што изгледа. Во новинарството клучниот збор е комуникација. Таа ја подразбира пораката која сакаме да ја соопштиме и која треба да биде точна, кратка, јасна и содржајна, како и да ја пренесе најважната информација без празна фразеологија.

Настанот, кој медиумот се обидел да го опише, е од поширок јавен интерес, бидејќи се работи за посетата на генералниот секретар на Светската туристичка организација на Македонија. Во овој новинарски производ, обидот да се пренесат неговиите пораки и впечатоци од посетата не е успешен.

FireShot Screen Capture #016 - 'МРТ' - www_mrt_com_mk_node_12232Линк до оригиналниот напис: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација

Датум и време на објавување: 29.07.2014, 19:09

Датум на рецензирање: 30.07.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

КАДЕ СЕ ГРЕШКИТЕ ?

Не е одговорено на петте основни прашања кои ја сочинуваат веста, кој, што, кога, како… Освен што дознаваме дека се работи за генералниот секретар на Светската туристичка организација, нема информација ни кога, ни зошто дошол, ни каде сѐ бил низ Македонија, кој му бил домаќин, што порачал, што сé треба Македонија да направи за да ги искористи потенцијалите за кои се зборува во насловот како најава на текстот: „Македонија има потенцијали за атрактивна туристилка дестинација“.

Насловниот блок, кој треба да ја продаде темата и да го натера читателот да го прочита текстот, повеќе личи на недовршена мисла, политички говор или фраза извлечена од семинарска работа „Македонија има потенцијал“… Сличен е и поднасловот, кој е бирократски и протоколарен: „Генералниот секретар не ги крие импресиите стекнати во земјава“ .

 

КОИ СЕ ИМПРЕСИИТЕ ?

Од неговите импресии, пренесени од медиумот, дознаваме само дека бил на некое место за кое малкумина слушнале и дека во тој момент посакал целиот свет да е со него: „Растргнат сум меѓу две чувства. Едното дека посетив место за кое малкумина слушнале и второто што посакав во тој момент целиот свет да биде со мене.“

За читателот останува енигма каде тоа бил генералниот секретар и со што толку многу бил фасциниран од тоа место.

Неповрзаните мисли и реченици, кои не се во контекстот на најавените „импресии“ и „потенцијали“ на македонскиот туризам продолжуваат понатаму. „Европски феномен е бројот на домашните туристи да опаѓа, а да расте бројот на странски гости“. Следната констација, иако е точна, како да е „падната од небо“ и нема директна врска со Македонија и со посетата на генералниот секретар: „Бројот на авионските несреќи ќе влијае на глобалнит туризам. Според него, ќе отвори прашања кај самите авиопревозници да ги ревидираат регулативите… како и цените за некои поспецифични дестинации“.

 

ПРОПУШТЕНА ШАНСА

Пропуштена е извонредна новинарска шанса за добар прилог. Авторот имал пред себе соговорник кој многу добро ја разбира новинарскта професија и можел да го искористи за да направи квалитетен и јасен новинарски производ кој се однесува на проблемите и перспективите на македонскиот туризам. Вака, се добива впечаток дека воопшто немал директен контакт со соговорникот, туку можеби пишувал врз база на некакво конфузно и неадекватно презентирано соопштение, или записнички материјал кој е донесен во редакцијата, па уредникот му го дал на новинарот да го презентира, а овој тоа невешто го направил, бидејќи не бил на настанот.

Генералниот секретар Талеб Рафаи пренел јасни и многу содржајни праки што сé треба да направи Македонија за да стане атрактивна туристичка дестинација (Охрид заслужува да биде меѓу најпознатите туристички дестинации во светот). Тој одржал и предвање на Факултетот за туризам во Охрид и дал конкретни насоки како да се унапреди туризмот во Охрид (Генералниот секретар на Светска туристичка организација одржа предвање на ФТУ). Ја промовирал и идејата Охрид и Дубровник да се поврзат како туристички дестинации (Охрид заедно со другите центри да се впушти во лов на туристи).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција