Рецензија: Македонија лидер во е-здравство

vecer.mk-makedonija-makedonija-lider-vo-e-zdravstvo-crop-resize

Станува збор за еден од оние текстови кои Македонија ја претставуваат како лидер во регионот (по индексот на економски слободи, во инвстиции во инфрстаструктурата, во водење бизнис, во производство на алтернативна енергија, во ИТ индустријата, во иновативност, во борбата против трговија со луѓе, во здравствените реформи, економски лидер…) Овој пат сме регионани лидери во е-здравството и тоа на јавноста ѝ се соопштува уште во насловот. Што, сепак, делува претенциозно,  дотолку повеќе, што во телото на веста не може да се прочита кој ја дава ваквата оценка и врз основа на кои критериуми. Па, се добива впечаток дека таа е инспирирана од поривот да бидеме лидери во сѐ .

vecer.mk_makedonija_makedonija-lider-vo-e-zdravstvoЛинк до оригиналниот напис: Македонија лидер во е-здравство

Датум и време на објавување: 25.09.2014, 11:31

Датум на рецензирање: 26.09.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

АПОЛОГЕТСКИ ПРИЗВУК

Во написот нема посочено извори на информации, иако е забележливо дека тој се темели за соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), кое  го објавија повеќе медиуми. Но, во материјалот што го рецензираме тоа никаде не е наведено.

Веднаш паѓа во очи тоа што уште во првата реченица од оваа куса информација се кажува дека:

„Презентација на Форумот ќе има и директорката Maja Парнарџиева-Змејкова, на тема е-здравство, сегмент во кој Македонија е препознаена како лидер во регионот“

Сепак, ваквите наводи не може да се потврдат. За читателите е нејсано кој ја препознава Македонија како лидер во регионот, кога е правена регионална ранг-листа  во е-здравството и со што сме ја заслужиле ваквата „пестижна“ позиција?

Всушност, се работи за целосно преземено соопштение од ФЗОМ за учеството на менаџментот на Фондот на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана ( 25-26 септември 2014 година). Само што, последната реченица е ставена во самиот старт на веста.

И тоа не е спорно, напротив сосема легитимно право и проценка на новинарот/медиумот. Но, како што налагаат професионалните стандарди, треба да се каже дека тоа го соопштува некоја личност или институција – во случајот Фондот за здравствено осигурување.

Еден коректен новинарски пристап подразбира и да се праша институцијата: како македонското е-здравство се искачило највисоко во регионот и каков дострел сме постигнале во оваа област? Онака, пак, како што е пласиран материјалот, не им дава на читателите објективна информација, туку се забележува интенцијата да се пофали директорката на Фондот, односно партијата на власт. Таквиот впечаток се засилува и со претенциозниот наслов, како и со големата фотографијата со која е илустриран текстот, а  на која е прикажана директорката.

И токму со ваквиот приод  една сосема обична информација добила политичка боја и апологетски призвук.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција