Рецензија: Македонски парадокс: субвенциите растат, производството опаѓа

субвенциите-растат-производството-опаѓа-Македонија-DW-crop-resize

Една од најважните особини на добриот новинар и добрите новинарски практики е „книшкиот“ јазик на извештаите, статистичките податоци и бирократската комуникација, да ја преобразува во разбирлив новинарски текст, достапен за широката публика.

Македонски-парадокс--субвенциите-растат,-производството-опаѓа---Македонија---DW.DE---28.10Линк до оригиналниот напис: Македонски парадокс: субвенциите растат, производството опаѓа

Датум и време на објавување: 28.10.2013

Датум на рецензирање: 28.10.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Текстот во сите негови сегменти се повикува на релевантни пишани извори (Извештај на Комисијата на ЕУ),  и други извори со висок кредибилитет од кои се очекува да ја зборуваат вистината.

Извори на информации: Никој не бара од новинарите да бидат експерти за некоја област. Она што го краси добриот новинар да пронаоѓа теми од јавен интерес дури и таму каде што тие, намерно или без намера, се скриени. Потоа за тие теми да ги пронајде најдобрите можни извори и да им ги постави најдобрите можни прашања и на крајот – да склопи едноставна и разбирлива новинарска сторија. Новинарската анализа што тука ја анализираме го прави токму тоа. Открива добра тема „скриена“ во дипломатскиот бирократски јазик на еден пишан извор како што е најновиот Извештај на напредокот на Македонија во евроинтеграциите. На овој извор, како на појдовна основа, креативно и продуктивно ги додава мислењата на оние на кои најнепосредно се однесува темата – земјоделците, експертското мислење на професори на соодветни факултети, министерот за земјоделие, експерт на буџетите на ЕУ и поранешен гувернер на Народната банка. Школски стокмено.  

Содржајност: Освен главната новинарската приказна осуштествена и во самиот наслов – субевнциите растат, земјоделското производводство опаѓа, авторката на анализата се потрудила да додаде уште неколку важни елементи (споредбена анализа на распределбата на субвенциите од различните европски фондови, демографски податоци, макроекономските тенденции…), суштествено поврзани со главната тема. Тоа додава нова содржајност и аспекти на главната теза и сеопфатно ја отсликува оваа сложена тема.

Пристрасност: Сеопфатноста со која се анализира темата и користењето на изворите не остава место за пристрасност.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален новинарски текст без никакво сомневање.

Квалитет на насловот: Сметаме дека насловот ќе беше доволно провокативен ако го немаше првиот дел од него „Македонски парадокс:…“ и ако беше само „Субвенциите растат – производводството опаѓа“, но оставаме простор дека авторката и уредништвото имале потреба да го нагласат тој парадокс уште во насловот.

Фотографија: Е, тука имаме проблем да детектираме соодветна и добра практика зашто ниту авторот, ниту уредникот, ниту веб порталот каде што е објавена анализата што ја рецензираме не се потрудиле да ни остават информација за потеклото на фотографијата. Во нејзиниот долен десен агол се гледа жигот со латинични букви BGNES, што отвара сооменавње дека фотографијата е „позајмена“ без да се навести под кои услови.

 

Заклучок: Има новинарски текстови кои се секогаш добри тогаш кога ги почитуваат елементарните професионални стандарди: Ставете го клучниот елемент на сторијата на почетокот; Избегнувајте стручен и технички јазик; Ако веќе морате, објаснете го со разбирлив јазик; Ако има бројки направете ги разбирливи и сликовити; Изберете ги вистинските извори да го направат тоа за вас и за публиката… Ништо сложено, а сепак добро.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција