Рецензија: Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија

Текстот „Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија“ е привлечен за рецензија заради неговата информативна природа и споредбените елементи за состојбата во тематската сфера во регионот.

Рецензија: Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и СрбијаЛинк до оригиналниот напис: Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија

Датум и време на објавување: 07.06.2013

Датум на рецензирање: 10.06.2013

Рецензент: Катерина Блажевска

Вистинитост: Единствен формален извор во текстот е анализата на агенцијата Анадолија, за која нема дополнителни објаснувања, меѓу другото и дали е релевантна за вакви истражувања, а другите податоци се извлечени од практиката, односно се темелат на јавно достапните и познати податоци за висината цените на патарините во земјава, за кои читателот треба да верува или да знае дека се точни, но кои се јавно провеливи.

Извори на информации: Во текстот условно се користени повеќе извори, кои формално не можат да се класифицираат како официјални, бидејќи не се наведени. Но, не можат да се наречат ниту неофицијални, со оглед дека во случаов се презентирани јавно достапни податоци за соодветните цени од повеќе земји во регионот. Со оглед дека таквите (јавни) податоци се лесно проверливи, посредно се сугерира дека нема простор за сомневање во нивната релевантност и веродостојност .

Содржајност: Веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност, но е ослободена од амбицијата да прикаже дали тие и колку тие цени зависат од кавлитетот на посочените патни делници.

Пристрасност: Текстот делумно ја прикажува вистината, бидејќи нема бекграунд за движењето на цените- намалување или зголемување, односно дали најниските цени за патарина во Македонија се некаква постојана состојба и траат подолг период или се само моментална состојба настаната поради некои ад-хок намалувања.

Коментирање: Нема класични коментаторски елементи, освен минимални констации кои се ставени во функција на дообјаснување на веста.

Оригиналност/Плагијат: Текстот се темели на истражување на агенцијата Анадолија, но не може да се утврди дали сите наводи се земени од тоа истражување или од агенциска вест, или врз основа на цените во регионот е изведен заклучок дека во Македонија има најниски цени на патарина. Утрдувањето на ова е отежнато и од фактот дека не е посочен линк до изворната информација.

Квалитет на насловот: Текстот е информативен, јасен и несензационален, а насловот некреативен, но сосема соодветен за суштината на веста што им се пренесува на читателите.

Фотографија: Текстот има делумно соодветна фотографија, ако се има предвид дека можела да биде избрана фотографија на која се гледа ценовникот за патен надомест, или уште подобро, табеларен приказ на цените на патарина во регионот. Фотографијата ниту манипулира, ниту дезинформира, бидејќи станува збор за класична „алиби-фотографија“ од наплатен пункт за патен надомест.

Уреден за веб: Текстот е читлив, но му недостигаат мултимедијални елементи (графичко- ценовни табели), линк(ови) за оваа тема во регионалните медиуми, за слични истражувања и за изворната информација од агенцијата Анадолија. Текстот е делумно уреден и јасен, не е поврзан со слични текстови во интерес на подлабока разработка на темата, а насловот, иако некреативен, е соодветен за суштината на веста.

Заклучок: Веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност, но не настојува да прикаже дали тие и колку тие цени зависат од кавлитетот на посочените патни делници. Не може да се утврди дали сите наводи се земени од агенциска вест, или врз основа на цените во регионот е изведен заклучок дека во Македонија има најниски цени на патарина.Рецензија: Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија
 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција