Рецензија: Научниците потврдија: Хемотерапијата предизвикува бавна и болна смрт!

FireShot-Screen-Capture-274-Научниците-потврдија-crop-resize

Во последно време се појавија многу приврзaници на некласични лекувања на болестите – од т.н. хомеопатски, преку методи кои ги нарекуваме „бабини деветини“, потоа користење на чаеви, сѐ до оние кои поаѓаат од тоа дека имунолошкиот систем сам ќе си најде начин да се бори со болеста ако се остави без интервенција на модерната медицина. Овој може да се вклучи во тој тренд – тој сугерира исклучување на хемотерапијата во третманот на болните од канцер и практично, како што се тврди, како подршка на таа теза, се пренесува една статија од угледен британски магазин (British Medical Journal) со наслов „Associations between palliative chemotherapy and adult cancer patients’ end of life care and place of death: prospective cohort study“.

FireShot-Screen-Capture-274-Научниците-потврдија_-Хемотерапијата-предизвикува-бавна-и-болна-смртЛинк до оригиналниот напис: Хемотерапијата предизвикува бавна и болна смрт!

Датум и време на објавување: 26.04.2014, 18:00

Датум на рецензирање: 29.04.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Пренесувањето на вакви статии, без наведување на додатни извори, проверки и слично е многу одговорен чин кој не може да го прифати ниту еден портал. Најпрвин, не заради релеватноста на изворот или студијата, туку заради непознавањето на терминологијата, одредувањето на „универзалноста“ на прикажаната студија и слично.

„Во интервал од неколку години беа откриени многу медицински и фармаколошки малверзации кои повеќето луѓе ги сметаат за обични теории на заговор. Неодамна објавената научна студија во British Medical Journal откри една од најнехуманите здравствени измами која со децении убива луѓе на најлош и најсуров начин. Станува збор за хемотерапијата. Доколку пребарате на интернет, ќе откриете дека хемотерапијата се применувала дури и кога родителите на болните деца ја одбивале, а неколку случаи во САД покажале дека влијанието на злобната фармацевтска индустрија се коси со законите, бидејќи родителите на неколку деца заболени од рак и леукемија се во затвор или децата им биле одземени, само затоа што одбиле да ги трујат своите деца со хемотерапија, туку избрале алтернативен начин на лекување… научниците не само што покажале дека здравствениот систем не’ тера на ’лечење’, покажале и дека нашите доктори всушност ни препишуваат терапија која е се’ освен бенигна и корисна“.

Во овој миг во нашите болници веројатно на стотици пациенти се лекуваат од канцерогени заболувања во различен степен. Дел од нив, во не занемарлив број се подвргнати на хемотерапија и сигурно дека кога го читаат овој напис на Интернет (или евентуално пренесен на други медиуми), не им е пријатно и создава некаков електрицитет на релација пациент – лекар! На сите пациенти им е однапред јасно дека хемотерапијата го уништува и болното ткиво, ама и она соседното и дека прави дополнителна штета ама се работи за проценка дека пациентот без таа терапија тешко дека би можел да се спаси!

Од прегледот на текстот во научното списание се гледа дека преносот не е целосен, односно дека е направена селекција која сама по себе ништо не кажува (како редакторот, ако постоел, се одлучил на такво прикажување/скусување на статијата), а читателот е оставен без соодветен заклучок кој би произлегувал од студијата и која би ни била пренесена. Крајот на тесктот во тој поглед „виси“, па се става на слободата на толкување или на сугестија со насловот, кој е посебно опасен.

Цитирана е само една од многуте учесници во студијата од каде се гледа дека примената на хемотерапијата била кај млади пациенти, со високо образование на кои им требало да им се покаже некаква грижа, да не се чувствува дека се отфрлени од здравстовото, без посебни очекувања кај лекарите. Тие пациенти сите имале висок степен на заболување кај кои смртта би настапила речиси со голема сигурност!

Идејата на докторите била да видат дали хемотерапијата треба да се примени и во т.н. безнадежни случаи – тие пациенти не умреле од лекот, туку само влегле во хазардот на евентуалното „чудо“, поаѓајќи од тоа дека самите пациенти, кои биле високо образовани, оцениле дека е подобро да се лекувани било како, отколку оставени само на себе (на болеста).

Примерокот од нешто над 300 пациенти, кои се анализирани, не може да е репрезентативен во било какво истражување, а се набљудувале 8 амбуланти во САД. Таму, инаку, како заклучок стои дека „идните истражувања треба да утврдат механизми со кои палијативна хемотерапија (примента во овој случај – н.з.) влијае крајот на животот“, што, сепак, укажува дека нема дефинитивни заклучоци како што навестува сензационалистички насловот на статијата. Во неа се вели дека лекарите често во поодминат стадиум на канцер ја прекинуваат терапијата, но главно водени од економски причини (намалени трошоци за здравството). Всушност, светските статистики говорат дека во последните месеци од животот на пациентите само 6,2 отсто од нив добивале хемотерапија!

Генерално овој текст морал да биде пропратен со домашен коментар (имаме многу стручњаци и би било добро да ги чуеме, потоа здруженија на пациенти од разни видови канцер), па дури и нека се од редот на оние кои не препорачува
та хемотерапија (а препорачуваат – што!).

Ваквите преземања на текстови и нивно своевидно претолкување само значат ловење на читатели и објективно претставуваат своевидна бездушност кон оние кои веќе се во постела.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција