Рецензија: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лек!

НеверојатноЛуѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лекКукурику-crop-resize

Ова е уште еден текст во кој се изнесени неточни или делумно точни информации. Притоа, не се внимавало за тоа што тој текст може да предизвика кај луѓето, посебно кај оние на кои и тоа како им е потребен лек или боледуваат од тешки болести. Иако текстот нема ниту еден проверен факт или доказ дека навистина „нафтата“, односно нејзините деривати можат да лекуваат, тој брзо се прошири низ социјалните мрежи. Но, никогаш не треба да се верува безрезервно на вакви текстови, иако навидум нудат лек кој е на самиот дофат на раката. Текстот, пак, никаде не нуди информација зошто мора да се оди во Албанија по петролеум.

НеверојатноЛуѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лекКукурикуЛинк до оригиналниот напис: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лек!

Датум и време на објавување: 20:07. 2014, 19:06

Датум на рецензирање: 25:07.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕШКО ПРОВЕРЛИВО

Текстот нуди некои факти преку името на германска лекарка, но ниту има линк до нејзините трудови, ниту некое друго образложение. Наведено е дека таа долги години го истражувала петролеумот за вакви цели, но нема ништо конкретно. Нема ниту што заклучила лекарката, а барајќи низ интернет не може лесно да се најде нејзиното име поради тоа што е транскрибирано на македонски, а негостига германскиот оригинал.

Нема извор на информација, најверојатно текстот е преведен, но притоа не е кажано од каде. Споменати се две книги од автори кои пишувале на оваа тема, но не е наведено дали тие се лекари или медицински лица, или самоуки затоа што како што се вели во текстот:

За време на Првата светска војна народот во Србија масовно се лекувал со петролеум затоа што немало други лекови.

Оттука може да се заклучи дека ова се лаички изнесени верувања кои немаат медицинска или научна поткрепа.

Не може да се каже со сигурност што е вистина, а што не во текстот. Може читателот вака да се доведе во заблуда да проба да се лекува со петролеум од било какво потекло. Тоа е напоменато, но на крајот на текстот, во кој се вели дека не секој петролеум може да се користи во медицински цели.

 

МОЖНА ШТЕТА

Можеби текстот има и невистини или ја извртува вистината, но нема достапни информации за петролеумот и поголеми научни трудови за да може да се потврди напишаното.

Делови се коментар интегриран во текстот. Но, најверојатно не се авторски, туку се преземени од оргиналниот текст. Текстот според тоа како е напишан, исто така, најверојатно е преземен или преведен од некој странски портал. Но, не е наведено од каде ниту, пак, има линк кој носи до некаде.

Насловот може да дезинфиормира и да направи голема беља кај читателите. Мора целосно да се прочита текстот за да се заклучи дека не секој петролеум може да се користи. Тоа го пишува на крајот во една реченица. Тоа не е дозволиво и може да направи само штета, имајќи предвид дека не сите читатели го дочитуваат текстот до крај.

На фотографијата се некои шишенца (претпоставуваме од петролеум), но не е наведено ништо друго. Притоа, не може да се заклучи дали се тие од Албанија, ико ниту текстот не дава поширока информација зошто треба да се оди по петролеум во Албанија.

Ова е опасен текст во смсила дека може да им се даде лажна надеж на луѓето. Поради тоа треба внимателно да се постапува со вакви текстови, или барем да се стави некаква ограда од кажаното. Но, тоа не е сторено што беше причина и да се рецензира.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција