Рецензија: Новинар се облекол како сиромав и чукал на врата на цркви и џамии – еве што добил

mkd-news_com_novinar-se-oblekol-kako-siromav-i-chukal-na-vrata-na-tsr-crop-resize

Текст, во кој новинарот се „изгубил во преводот“, па приказната за истражувачкиот поход на новинар од Србија, кој се облекол како сиромав и барал милостина во локалните цркви, во катедралата и џамијата, добива нова смешна димензија. Македонскиот медиум се обидел да го преведе и пренесе текстот, но направил неколку преведувачки и суштински грешки, кои го привлекоа и нашето внимание. Прво, текстот  е пренесен на македонски јазик на 6 јануари 2014 година, а зборува за барање на милостина во предвечерието на Католичкиот Бадник, па читателот стекнува впечаток дека станува збор за настан кој се случил десетина дена пред тоа. Во текстот е наведено дека тоа било направено „минатата година“, логично е да се мисли на 2013 година, нели?! Но, само мало пребарување на интернет ќе ве одведе до серија текстови објавени во српските медиуми на почетокот на јануари 2013, година, цела година пред тој да биде пренесен на македонскиот портал.

На овој портал, текстов бил објавен пред  една година и три дена, а истиот може да се најде и на повеќе портали во првата недела од 2013 година. Оттука, несомнено станува јасно дека српскиот новинар походот за барање на милостина го направил во декември 2012 година. Па, медиумот кога го препишувал текстот ова морал да го знае и не требало да го прикрие податокот со „минатата“ година. Дополнителен проблем е преводот, па текстот изгубил од својата суштина, бидејќи се изоставени многу делови кои ѝ даваат „душа“ на сторијата. Сепак, најпроблематичен е  преводот на имињата на црквите и џамијата во Белград. Па така, црквата „Светог Александра Невског“ е преведена како црква „Свети Александар Невскок“. Секако, преводот треба да биде Александар Невски. Сличен е примерот и со единствената џамија во Белград, „Бајракли џамија“, која во текстов станала „Бајракло“ џамијата.

Авторот, преведувајќи од оригиналот: „Tamu u katoličkoj crkvi Svetog Ante na Zvezdari razblaživala je samo svjetlost sivog neba uokvirenog visokim prozorima“ на македонски напишал: „Во првата католичка црква во „Свети Анте на Ѕвездара“ не правејќи разлика дека Ѕвездара не е светец ниту име на катедралата, туку локација каде што се наоѓа црквата.

Ваквиот несериозен пристап на медиумот е недозволив, посебно во време кога на интернет можат да се проверат сите податоци, поими, имиња, но и да се види кој од кого препишал, кога и каде е првично објавено и други важни податоци кои водат кон проверка на фактите.

mkd-news_com_novinar-se-oblekol-kako-siromav-i-chukal-na-vrata-na-tsrЛинк до оригиналниот напис: Новинар се облекол како сиромав и чукал на врата на цркви и џамии – еве што добил

Датум и време на објавување:  06.01.2014

Датум на рецензирање: 10.01.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Следејќи го оригиналниот текст, од каде што е преземен, има доволно елементи да се верува дека приказната е вистинита.

Извори на информации: Текстот е пренесен од српски медиуми кои ја објавуваат сторијата пред повеќе од една година, пред тоа да го стори македонскиот портал.

Содржајност: Текстот има содржина, иако му недостасуваат финесите кои се изоставени од оригиналниот текст, па македонската верзија ја прават сувопарна, далеку понесодржајна од оригиналот.

Оригиналност/Плагијат: Преземен текст од медиуми во соседна Србија, препишан, со „оригинални“ грешки во преводот за кои пишуваме во воведот.

Квалитет на насловот: Информативен, без проблематични елементи.

Фотографија: Преземена од српските медиуми, само илустративна, без соодветен значителен придонес кон „визуелизација“ на текстот.

Заклучок: Ова е уште еден доказ  каде што мало невнимание или непознавање на јазикот од кој се преведува ќе ја откријат површноста и несериозноста на новинарите. Кога се преведуваат текстови во кои се пишува за теми во регионот, медиумите мора да се свесни дека тој текст лесно може да се најде пред читателите и на јазикот на кој е создаден и на тој начин да се спореди со преводот. И, тука настанува проблемот, се детектираат грешките, а се занемарува содржината и објавеното станува предмет на потсмев и коментари. Затоа, внимателно при преведувањето! Прашањето  на лектор, иако е задолжително според Закон, јасно е дека во овој медиум не е отворено, што се гледа од крајниот ефект на објавените содржини.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција