Рецензија: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“

Hajka-i-zakani-na-opozicionerite-protiv-obvinitelkata-Geskovska-crop-resize

Текстот насловен „Опозициските мегафони на страна на протестантите за Монструм“  ја става на столбот на срамот новинарка основач и главен менаџер на портал, затоа што го изнела својот личен став за последната изјва на јавната обвинителка која го води случајот „Монструм“ (од 06.07.2014). И тоа, само за делот каде што обвинителката  вели : „Никој нема право да ги коментира судските одлуки“.  Но, не само новинарката, написот кој првично беше објавен со наслов: „Хајка и закани на опозиционерите против обвинителката Гешковска“,  става на отстрел и личности кои го постирале или лајкувале „озлогласениот“ текст на социјалните мрежи.

Hajka-i-zakani-na-opozicionerite-protiv-obvinitelkata-GeskovskaЛинк до оригиналниот напис: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“

Датум и време на објавување: 07.07.2014, 12:11

Датум на рецензирање:  08.07.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЗЛОНАМЕРЕН ТЕКСТ

Уште во самиот почеток  на овој исклучително злонамерен тенденциозен напис,  без да се линкува текстот на новинарката за да може се види за што точно таа пишува,  се критикува колешката.

Поранешната новинарка на А1 телевизија, Билјана Секуловска, во текст објавен на НОВА тв со наслов „Гешковска, оди си дома“ жестоко ја напаѓа обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца.

Во материјалот  што го рецензираме  само навидум се опфатени двете страни. А фактички, во еден манипулативен манир е искористена само првата реченица од текстот на новинарката, со која се прави конструкцијата  дека таа ги поддржува „протестантите од „Монструм“. Што експлицитно е искажана во спинерскиот наслов кој има и навредлив тон („опозициски мегафони“).

Написот е така скроен што се добива впечаток дека новинарката ги поддржува и обвинетите (осудените во првостепена инстанца) за повеќекратното убиство кај Смилковското Езеро непосредно пред Велигден во 2012 година.

Меѓутоа, нејзинот текст воопшто нема таква порака. Во него таа не ја ни споменува судската  пресуда. Новинарката исклучиво е фокусира на ставот на обвинителката  која смета дека „судските пресуди не се коментираат“. Всушност, новинарката ѝ реплицира на обвинителката и притоа го посочува сопствениот пример  за судски спор  од 2006 година, во кој била тужена од судијка во Основниот суд во Охрид и кој го добила. Во тој контекст таа го цитира образложението на Врховниот суд  во кое, меѓу другото, се вели:

„Вр­хов­ни­от суд на Р. Ма­ке­до­ни­ја, сог­лас­но со прак­са­та на Ев­роп­ски­от суд за чо­ве­ко­ви пра­ва во Страз­бур, ис­так­ну­ва де­ка то­ле­ран­ци­ја­та на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те гле­диш­та е важ­на ком­по­нен­та на де­мок­рат­ски­от по­ли­тич­ки сис­тем. 

Во прин­цип, гле­диш­та­та за не­кој су­ди­ја се­ко­гаш се важ­ни за јав­нос­та и не сме­ат да ос­та­нат над­вор од јав­на­та де­ба­та. Су­дот и су­ди­и­те, ка­ко но­си­те­ли на јав­ни фун­кции, не ра­бо­тат во ва­ку­ум и јав­на­та дис­ку­си­ја за нив и кри­ти­ки­те на суд­ски­от ис­ход не мо­же да се заб­ра­нат.

Вред­нос­ни­те ста­во­ви има­ат пра­во на сло­бод­но из­ра­зу­ва­ње и не мо­жат да се ква­ли­фи­ку­ва­ат ка­ко кри­вич­но де­ло нав­ре­да од членот 173 од Кри­вич­ни­от за­ко­ник.

Из­не­се­но­то мис­ле­ње прет­ста­ву­ва јав­но из­ра­зе­но не­сог­ла­су­ва­ње и кри­ти­ка, и тоа ка­ко так­во мо­ра да би­де сло­бод­но, би­деј­ќи тоа е единс­тве­ни­от на­чин за јав­но де­ба­ти­ра­ње на греш­ки­те и на­о­ѓа­ње на­чин за мож­на ис­прав­ка.

Поп­ре­чу­ва­ње­то на јав­на­та кри­ти­ка на на­чин што таа ќе се ква­ли­фи­ку­ва ка­ко нав­ре­да на друг, во об­лас­та на уп­ра­ву­ва­ње­то (судс­тво­то и су­ди­и­те), не им слу­жи на интере­си­те на за­ед­ни­ца­та во це­лост и ба­ра со­ра­бот­ка од ин­фор­ми­ра­на­та јав­ност.”

Но, во текстот што е предмет на оваа рецензија воопшто не се споменува тој дел, туку намерно се извртува главната поента на нејзиниот напис со цел колешката да се дискредитира во  јавноста.

 

ГЛОРИФИКАЦИЈА НА ОБВИНИТЕЛКАТА

Наспроти очевидната намера за оцрнување на личностите кои се споменуваат во овој коментаторски срочен текст, се глорификува обвинителката, за која се нагласува дека „храбро се соочила со терористите кои егзекутираа деца“! Како што е познато, водењето на судски спорови против лица обвинети за кривични дела е основна работна задача на секој обвинител.

Покрај ова, спротивно на добрата новинарска практика (амандманот 16 од новинарскиот Кодекс), која подразбира новинарот да го чува угледот и достоинството на својата професија, текстот се става во функција на пресметка со колеги.

Вкавиот впечаток дополнително се засилува и поради тоа што овој политички обоен текст беше објавен на повеќе медиуми. Некои како извор го посочија порталот, а некои не. Но, повеќето го пласираа написот со неговиот првичен  наслов: „Хајка и закани на опозиционерите против обвинителката Гешковска“. Само што во конкретниот случај со овој спинерски текст, хајката не е насочена кон обвинителката, туку кон новинарката и кон интелектуалната критичка елита.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција