Рецензија: Ова е најубавата вест за денеска

Ова е најубавата вест за денеска Press24-crop-resize-gore

 На една вообичаена, сосема регуларна сервисна информација која се однесува на временската прогноза ѝ се дава сосема невообичаен, претерувачки наслов кој не само што покажува став на авторот кон темата и е субјективен, туку и не соодветствува воопшто со содржината на текстот. Со други зборови, доколку едно нешто за некого е најубавата вест во денот, за друг тоа не е, а читателот самиот треба да донесе суд. Со датумот на објавување на текстот коинцидира и верскиот празник Велигден, па се наметнува и прашањето дали читателот од христијанска вероисповед нема да помисли дека станува збор за објава поврзана со Христовото Воскресение.

Ова е најубавата вест за денеска Press24-crop-sizeЛинк до оригиналниот напис:  Ова е најубавата вест за денеска

Датум и време на објавување: 20.04.2014, 9:12

Датум на рецензирање: 21.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитоста не може да се анализира во ситуација кога насловот не е компатибилен и е крајно субјективен. Тој остава впечаток на сензационализам. Неспорна е неговата креативност, но притоа тој воопшто не упатува на содржината на која се однесува. Особено што временската прогноза содржи информации и за сонце и за облаци и за дожд, па не е јасно што од тоа е најубавата вест во денот. Неспорно е дека информацијата е добиена од официјална институција, па оттука содржината на самиот текст е точна. Овој текст има функција да биде информативен и затоа толковниот наслов не му прилега. Тој е претерувачки.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција