Рецензија: Ова се случува после смртта: Открива жената на која и се појавил нејзиниот починат брат

08192014-Puls24-AftrLife-crop-resize

Тривијализацијата на медиумите го спушти до невидени граници квалитетот на понудата на медиумски содржини, а потребата да се биде прв и ексклузивен ги обезвреди професионалните стандарди со кои се обработува една информација со потенцијал да биде медиумска содржина.

Овој сериозен проблем го има медиумска содржина што ја рецензираме, а на која не упати еден наш читател со предлог на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ).

Нашиот читател вели дека авторите на оваа содржина „како самите да посведочиле, а не дека прераскажуваат некаков роман со приказни за духови.“ Проверката со методологијата на СПФМ не само што ја потврди констатацијата на нашиот читател, туку откри и неколку други недостатоци.

08192014-Puls24-AftrLife

Линк до оригиналниот напис: Ова се случува после смртта: Открива жената на која и се појавил нејзиниот починат брат

Датум и време на објавување: 29.06.2014

Датум на рецензирање: 19.08.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Кога станува збор за вакви содржини што се повикуваат на задгробни и паранормални искуства, вистинитоста не можете да ја проблематизирате. Или ја прифаќате или не, а бидејки е таква, недокажлива – овие стории се, најмалку, контроверзни. И, дотука, оваа медиумска содржина е во ред, уште повеќе што е ставена во рубриката „Занимливости/Контроверзни фајлови“.

Медиумската содржина што ја рецензираме пренесува дека единствен извор за оваа информација е книгата “The Afterlife of Billy Fingers“ од Ени Каган. Но, освен тоа како наведен податок, нема никаква информација дали оваа содржина е резултат на личните впечатоци на авторот на рецензираната новинарска содржина, или, пак, се работи за преземена вест од некој друг медиум. Тоа се првите елементарни референци што недостасуваат.

Затоа нашиот читател вели „…„како самите да посведочиле, а не дека прераскажуваат некаков роман со приказни за духови.“

Дури и кога се прераскажува роман или книга со автентични искуства од паранормална природа, уште една од неопходните постапки на новинарите или рецензентите е да објаснат од каква природа е книгата. Уште повеќе што во издавачката индустрија книгите за паранормалните феномени и за комуникацијата после смртта се меѓу најпродаваните и најлукративните теми. Тоа еден професионален новинар е најмалку што треба да го објасни кога рецензира или пренесува впечатоци од овој тип литература за да се направи разликата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција