Рецензија: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор

111-098700998877-crop-resize

Професионално е и за пофалба да се известува за изборните нерегуларности. Улогата на новинарот на „куче-чувар“ на политичките процеси и коректор онаму каде што затајува правниот систем е од суштинско значење за демократијата.

Меѓутоа, за ова има граници. Новинарот може да посочи што видел, да биде сведок и да помага органите на власта да го спроведуваат правото. Ама, не може да им кажува што „треба“, зашто новинарите не се судии. Во оваа рецензија не ја спориме вистинитоста на она што сведокот новинар го видел, туку стилот на пишувањето, зборовите кои се користат како и сугерирањето.

11Линк до оригиналниот напис: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор

Датум и време на објавување: 27.04.2014, 12:44

Датум на рецензирање: 27.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Од текстот може да се заклучи дека новинарот е сведок на настанот за кој известува и оттука тој самиот е извор на информацијата. Испочитувано е правилото да не се објавуваат измиња на политички партии за време на изборен молк и позитивно е што ова се пролонгира до завршувањето на изборите.

Од аспект на содржајност станува збор за прилично веродостоен и богат текст со информации ако се земе предвид периодот на неговото објавување. Наведено е точното место каде што се случила изборната нерегуларност. Важно е да се напомене дека на оваа жена не ѝ се заканува ништо додека против неа не биде поднесена пријава ако за тоа има потреба. Новинарот може да посочи, да ги наведе постоечките законски регулативи, но тоа може да го стори и резервирано, без жестење.

Фотографијата е снимена и обележана со жигот на редакцијата што упатува на заклучок дека таа е изворна и авторска.

Главно, насловот е составен на неконвенционален начин и со елементи кои се пристрасни и нападни. Тој не информира, туку сугерира. Би било поинаку доколку со неутрален, ненападен и смирен информативен тон се направи обид да се информира за нерегуларноста.

Тоа е најмногу што можат да направат новинарите, да информираат и да остават на судот на читателите што треба да се направи. Би било поинаку доколку во текстот се цитираат членови од Кривичниот законик и ако тоа претставува основа за читателот сам да донесе суд што треба да се направи. Не е само да се истражи, важен е и вордингот и интензитетот на дискурсот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција