Рецензија: Политичката криза за кумановци не е завршена

Едностран осврт на актуелната политичка ситуација во Куманово, со анонимни соговорници, кои искажуваат ист став и без спротивно мислење и сугерираат политичко определување.

Линк до оригиналниот напис: Политичката криза за кумановци не е завршена

Датум и време на објавување: 06.03.2013

Датум  на рецензирање: 06.03.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

(1) recenzija-politichkata-kriza-za-kumanovci-ne-e-zavrshenaВистинитост на факти: Не може да се утврди дали фактите се точни или не, соговорниците се анонимни и сите искажуваат еден ист став и видување за економско-политичката ситуација во Куманово, во екот на кампањата за локалните избори 2013 година.

Извори на информацииСите анкетирани граѓани се анонимни, што го доведува под сомнение кредибилитетот на нивните изјави и со тоа на целиот текст.

Содржајност: Кога текстот застапува директен став за одредено прашање (како овој, кој вели дека „најдобро решение е независниот кандидат“), за да го задоволи минималното ниво на сеопфатност, мора да презентира и спротивен или поинаков став. Тоа во овој текст го нема и затоа може да се каже дека се прикриваат суштински информации.

Пристрасност: Во текстот се чувствува политичка наклонетост, во речениците во кои се сугерира промена на локалната власт во Куманово, која веќе две децении била во рацете на една партија. Текстот, кој претендира да ја опише целокупната политичката ситуација („политичката криза“, како што се вели во насловот), конкретно покажува наклонетост на новинарот кон еден од кандидатите – кон независниот, односно кон третата опција.

Коментирање: Текстот содржи повеќе коментаторски елементи и тие не се јасно изводени од фактите, дотолку повеќе што се подметнуваат во изјавите на анонимните извори. Интересно е дека новинарот својата „теза“ ја брани уште во лидот, со реченицата: „Кумановци кои за прв човек на општината првпат помеѓу двете големи коалиции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сериозно размислуваат и за третата опција“. На тој начин, коментарот на авторот го определува аголот на веста и според него се подредуваат „фактите“.

Заклучок: Иако отворено претендира да ја отслика политичката ситуација во Куманово пред изборите, потфат што налага присуство на повеќе релевантни извори и избалансиран пристап, поради едностраноста на изјавите и неоградувањето од ставовите на анонимните соговорници, текстот отворено и пристрасно им сугерира на избирачите да изберат една конкретна политичка опција (таа на независниот кандидат), што е дискриминаторски пристап кон сите други учесници во предизборната кампања.

(2) recenzija-politichkata-kriza-za-kumanovci-ne-e-zavrshena

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција