Рецензија: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година

http___www.alfa_mk_Newsaspx_id87796VK8CIivF9qV-crop-resize

 

Прилогот што е пред нас на гледачите им подметнува една необјективна прогноза за политичките случувања во годината што почна (2015). Материјалот како да е наменски скроен за да се фали власта: дека е посветена на подобрување на благосостојбата на граѓаните, на намалувањето на невработеноста, дека носи странски инвеститори, а, исто така, таа е заслужна и за релаксираната политичка клима во државата! Дури, впечаток е дека е направен таков избор на експертите за да ја потврдат саканата поента.  И притоа, нивното мислење се издигнува на ниво на целата експертска јавност, што е навистина претенциозно.

http___www.alfa.mk_News.aspx_id=87796#.VK8CIivF9qVЛинк до оригиналниот напис: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година

Датум и време на објавување: 08.01.2015, 18:23

Датум на рецензирање: 09.01.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

АХ, ТАА ОПОЗИЦИЈА!

Прилогот посочува прецизни извори на информации, но тие се еднострани. И двајцата експерти во јавноста се познати по нивните настапи во кои покажуваат  јасна наклонетост кон партијата на власт.

Во таков тон се нивните изјави и во материјалот што е предмет на оваа рецензија. Професорката Додовска, на пример, на самиот почеток го вперува прстот во опозицијата како главен кочничар на севкупниот прогрес, со надеж дека таа, сепак, ќе се вразуми, за потоа да ѝ тргне напред и на државата!

„Очекувам дека опозицијата конечно ќе сфати дека овој недоглед и ова инаетење во кое се заглави подолг временски период не водат кон ништо добро,  и оттаму ќе видиме еден постабилен политички и општетствен развој на државата, како и почитување развивање и унапредување на демократските институции“ (0,12 минута)

 

НАПЛИВ ДА Ѝ СЕ УГОДИ НА ВЛАСТА

Вториот аналитичар (Пандов), пак, прогнозира дека ќе има промени на кормилото на СДСМ, а во исто време, тој нема никакви дилеми дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште еден мандат да ја води партијата.

„Во мај, на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ недвојбено повторно ќе биде избран господинот Никола Груевски…“ (1,30 минута)

 

„Кај СДСМ очекувам промени. Можеби на почетокот сосема спонтано, но подоцна ќе прерасне  во сѐ посилно и посилно движење, кое ќе прерасне во голем протест и на крајот ќе донесе до промени на двоецот Заев-Шеќеринска и таму ќе дојде таму некој нов помлад лидер со свежи идеи“ (1,45 минута)

Ставовите на споменатите експерти ѝ даваат право на авторката на прилогот уште во првата реченица да констатира дека во 2015 година ќе има „намалена тензија меѓу партиите и солидна политичка дебата“. Сепак, имајќи ги предвид исклучително затегнатите политички односи  во државата (власт–опозиција), ваквото предвидување изгледа некако исфорсирано и нереално.

Всушност, констатацијата е ставена во функција да креира перцепција дека власта создава позитивен политички амбиент. Таква е и пораката од насловот, кој е целосно неинвентивен: „Политика 2015: експертите очекуваат помирна година“.

И иако во заклучокот на прилогот се вели дека „експертската јавност верува дека во 2015-та ќе има уште поголем влез на странски инвестиции, а со тоа и постепено решавање на најгорливиот проблем невработеноста“,  ваквите наводи не може да се чујат во изјавите на двајцата аналитичари.

Тие се неаргументирани и произволно нафрлени, веројатно во напливот да ѝ се  угоди на власта. Тоа дополнително говори за (не)квалитетот за овој новинарски производ во кој затаиле принципите на професионалното новинарство.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција