Рецензија: Полицаец рекетирал шверцери на мигранти наместо да ги апси

Класичен пример на некритичко и целосно преземање на соопштение од полициски билтен. Текстот е обременет со бирократски и нејасен јазик, а според делото што е направено дадено му е премногу простор.

Рецензија: Полицаец рекетирал шверцери на мигранти место да ги апсиЛинк до оригиналниот напис: Полицаец рекетирал шверцери на мигранти наместо да ги апси

Датум и време на објавување: 27.06.2013, 12:09

Датум на рецензирање: 28.06.2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Текстот е цитат на соопштение од полициски билтен. Соопштението е некритички пренесено во целост, па се добива впечаток дека е даден несоодветно голем простор во однос на проблемот што се обработува.

Извори на информации: Единствен извор на информации е полицискиот билтен. Отсуствува секаков обид да се направи било каква новинарска креативност.

Содржајност: Бидејќи е цитирано соопштение од полициски билтен, јазикот е несоодветен за јавна комуникација, односно бирократски и нејасен. Користени се полициски кратенки без да се објасни што значат (РЦ на ГР „Север“), а несоодветно се употребувани и наводниците („примање поткуп“ и слично).

Пристрасност: Во написот не се наведува попрецизно функцијата на полицаецот, односно неговото влијание врз спречување, односно допуштање на организиран криминал. Со оглед на примениот поткуп (300 евра), останува нејасно колку пати осомничениот рекетирал (во текстот пишува дека побарал „периодично  да му даваат парична награда“).

Коментирање: Во написот нема коментаторски елементи, иако станува збор за осомничен полицаец, кој работел на осетливото подрачје на шверц на „бело робје“.

Плагијат: Текстот е буквално пренесено полициско соопштение без никаква новинарска, односно авторска интервенција.

Квалитет на насловот: Со оглед на висината на поткупот (300 евра, односно 18.500 денари) се чини дека насловот има повисок сензационалистички тон, од потребното.

Фотографија: Фотографијата е несоодветна, затоа што е даден портрет на човек во автобус, по случаен избор, а не според темата на текстот. Освен тоа, ликот на човекот е препознатлив, што е етички и професионално недозволиво во вакви случаи.

Говор на омраза: Освен бирократски говор, во текстот не се забележуваат други видови говор.

Заклучок: Со оглед на фактот дека едно полициско соопштение е пренесено во целост, тука не можеме да говориме за употреба на професионални новинарски стандарди, туку за користење на нејасен и неразбирлив бирократски јазик.

Рецензија: Полицаец рекетирал шверцери на мигранти место да ги апси
.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција